Српски воени гробишта (Битола)
Српски воени гробишта во Битола – воени гробишта од Балканските војни и Првата светска војна во кои почива 1321 војник на Српската армија убиени во периодот 1912-1918.
Српските воени гробишта во 2017 година | |
Податоци | |
---|---|
Место | Битола |
Земја | Македонија |
Координати | 41°0′48.41″N 21°18′28.74″E / 41.0134472° СГШ; 21.3079833° ИГД |
Погребани | 1.321 |
Местоположба
уредиСрпските воени гробишта се наоѓаат јужно од градот Битола, крај патот кој води за село Буково, на околу 2 км од центарот на градот. Истите се наоѓаат во продолжение на Буковските гробишта.
Историја
уредиВо текот на Балканските војни и Првата светска војна на подрачјето на Битолскиот Регион погинале околу 8.000 српски војници[1]. Најголем дел од нив погинал во борбите на Кајмакчалан во 1916 година. Во спомен-костурницата на Кајмакчалан почиваат 4.400 војници, а на Српските воени гробишта во Битола е погребан 1.321 војник.
Гробови
уредиВо гробиштата се наоѓа 1.321 гроб на српски војници.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- СРПСКИТЕ ВОЕНИ ГРОБИШТА - СПОМЕНИЦИ НА ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА Архивирано на 29 јуни 2021 г.