Сремското војводство Радослав Челник

Сремското војводство на Радослав Челник е историографско име за краткотрајното српско војводство, на чело со сремскиот војвода, Радослав Челник, српски благородник кој во периодот од 1527 година до 1530 година држел значителни делови на Срем, обидувајќи се да се одржи меѓу Кралството Унгарија и Отоманската Империја. ’Рбетот на ова војводство била Српската народна армија во Срем, која во тоа време била значаен воен фактор во пограничните области. Бидејќи Радослав Челник, како сремски војвода, уживал голем углед кај народот, двете завојувани страни се обиделе да го придобијат за соработка. Турската страна била подготвена да ја признае неговата регионална управа во Срем, додека унгарската или хабсбуршката страна се обиделе да го придобијат давајќи му разни почести и поседи. Откако војводата Радослав застанал на страната на унгарскиот крал Фердинанд I од Хабсбург, неговата област во Срем се нашла под удар на Турците, кои ја освоиле областа и го присоединиле кон новооснованиот Сремски санџак.[1]

Грб на војводството

Историјата

уреди

Основач на Сремското војводство бил Радослав Челник. Тој првично служел како врховен командант на армијата на царството на Јован Ненад. По падот на државата водачот Ненад им се приближил на Турците и го основал Сремското војводство, вазална држава на Отоманското Царство. Првата престолнина на Срем бил градот Сланкамен, каде и денес се наоѓаат остатоци од средновековна тврдина.

 
Сремското војводство на Радослав Челник

Војводата Челник тајно преговарал со Хабсбурзите. За време на еден турски поход, војводата заминал во егзил. Кога се вратил во Срем, неговото војводство било во многу помали граници, а новата престолнина на војводството станал градот Небојц, близу Вуковар. Војводството постоело до 1530 година, кога војводата Челник склучил договор со Хабсбурзите и се повлекол на територијата на Хабсбург, одрекувајќи се од Сремското војводство.

Наводи

уреди
  1. Ивић 1914.