Средноегипетски јазик
Средноегипетски јазик — третата фаза од развојот на египетскиот јазик кој се зборувал од 2000 п.н.е. до 1300 п.н.е.
Иако овој јазик се развил во доцниот египетски јазик сепак тој останал во употреба како стандарден јазик сè до 4 век. Како таков, тој е карактеризиран како класичен јазик и привлекол најмногу внимание на египтолозите. Покрај тоа што е познат преку египетските хиероглифи, јазикот се пишувал и со ракописно египетско писмо.
За процесот на разбирање на јазикот придонел Адолф Ерман и неговата школа. Тој исто така објавил и граматика на е средноегипетскиот јазик во 1894. Во XX век египтолозите заклучиле дека јазикот е истражен сосема и се осврнале кон стариот египетски јазик.
Наводи
уреди- A. H. Gardiner: Egyptian Grammar, Oxford, 1927, 3rd ed. 1957.