Сиви облаци

(Пренасочено од Сребрени облаци)

Сиви облаци (изворно на француски: Nuages gris; или на германски: Trübe Wolken), наречена и С.199, ― дело за соло пијано, компонирано од Франц Лист на 24 август 1881 година. Тоа е едно од најпрогонуваните и во исто време едно од неговите најопитни дела на Лист, што претставува, според Ален Форте, „висока точка во опитниот идиом во однос на изразувачката композициска постапка“.[1]

Првите два такта ја претставуваат кварталната хармонија употребена во ова дело.

Напуштајќи го својот претходен виртуозен стил, Лист во неговите подоцнежни години направил неколку радикални, композициски опити, вклучувајќи ги Сиви облаци, Злобно (Nuages gris, Unstern) С.208 и Ситница без тон (Bagatelle sans tonalité) С.216. Сепак, дури во втората половина на дваесеттиот век почна да биде ценето значењето на доцните опитни дела на Лист. Р. Лари Тод, на пример, забележал дека „Веројатно, Лист бил првиот композитор кој ја воспоставил зголемената тријада како навистина независна звучност, ги разгледал нејзините последици за современиот третман на дисонанца и размислувал за неговото значење за идниот тек на тоналитетот. Достигнувањата на Лист во овие области биле значителни и не малку ја поддржуваат неговата положба, според фразата на Бусони, како „господар на слободата“.[2] Изучувачите како Хемфри Серл, Золтан Харсањи, Бенце Саболчи, Лајош Бардош и Иштван Селењи придонеле многу за ставање на овие дела во репертоарот на денешните пијанисти.[3]

Сиви облаци е прилично краток и технички едноставен. Според Џим Самсон, „најособените одлики на доцниот стил на Лист се присутни во ова кратко дело - избегнувањето на конвенционална катаденцијална структура, важноста на полутонското движење, употребата на зголемената тријада како средишна хармонска единица и паралелизмот како главно средство за напредок“.[4] Хармониите се засноваат на зголемени тријади додека мелодијата прави опширна референца на унгарската молска скала. Хармониите, кои се многу различни од оние во неговите претходни дела, му даваат многу мрачен и речиси морбиден чувство на делото. Леонард Ратнер коментирал: „Немирните, нерешени дисонанци на Сиви облаци, изолираните фигури, чувството на отуѓеност - тие имаат јасен афинитет со нешто подоцнежниот експресионизам на виенските композитори Малер и Шенберг... [Сиви облаци] е музичко ѕвонче кое покажуваше што се случува и што ќе се случи во европската музика: звукот, со помош на симетријата, ќе завладее, хармонијата ќе се впие во боја и ќе ја изгуби својата каденцијална функција“.[5]

Клод Дебиси веројатно го имал на ум Сиви облаци кога го компонирал своето дело Облаци (Nuages).[6] Маурицјо Кагел го искористил Сиви облаци во неговото дело Тој е инкарниран со клинци (изворно на латински: Unguis incarnatus est) (1972).[7] во 1986 година, Хајнц Холигер го разработил делото во Втори Листови транскрипции (Zwei Liszt-Transkriptionen) за оркестар (заедно со делото Злобно! (Unstern!)).[8] Шокантната сцена во мртовечницата во последниот филм на Стенли Кјубрик, Очи широко затворени, е придружена со Сиви облаци.

Наводи

уреди
  1. Arnold, Ben, уред., The Liszt Companion, Greenwood Publishing Group, 2002, стр. 169.
  2. Arnold, The Liszt Companion, p. 140.
  3. Arnold, The Liszt Companion, стр. 26.
  4. Samson, Jim, Music in Transition, New York, 1977, стр. 17.
  5. Arnold, The Liszt Companion, стр. 169.
  6. Palmer, Christopher, Impressionism in music, Том 1973, Дел 1, стр. 58.
  7. Decarsin, François. 1985. "Liszt’s Nuages gris and Kagel’s Unguis incarnatus est: A Model and Its Issue", translated by Jonathan Dunsby. Music Analysis 4, no. 3:259–63.
  8. Stefan Drees, Transkription versus Übermalung. Zu Heinz Holligers und Peter Ruzickas kreativer Auseinandersetzung mit den späten Klavierstücken Franz Liszts. In: Neue Zeitschrift für Musik, Schott, Мајнц април 2014, стр. 44.

Надворешни врски

уреди