Спомен-костурница (Кичево)

споменик во Кичево

Спомен-костурница — воен споменик и костурница на ридот Китино Кале во градот Кичево. Посветена е на паднатите борци

Спомен-костурница
Релјефот во костурницата
Карта
Општи податоци
Статусспоменик на културата
Видвоен споменик
ГрадКичево
Земја Македонија
Завршена1965
Поглед на споменикот

Историја

уреди

Споменикот е изграден во 1965 година[1]. Во костурницата има метална кутија во која се чуваат останките на 511 борци во Народнослободителната борба од Кичево и Кичевско,[2] од кои 196 не се од тој крај, но кои загинале таму. Меѓу најзначајните личности се Кочо Рацин, Мирко Милески и Ибе Паликуќа.

Костурницата е изградена од мермер и има полукружен облик. На ѕидот е направен бронзен релјеф на кој се прикажани мотиви од партизанската борба како војување во битки, оплакување на загинатите и носење на ранените. Автор на релјефот е вајарот Јордан Грабулоски. Лево и десно од релјефот има девет мермерни плочи на кои се напишани имињата на борците чии останки се чуваат во споменикот. Пред релјефот има има надгробна полоча со натпис „1941 – 1945“[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Kicevo.gov.mk Архивирано на 22 септември 2013 г., посетено на 31 октомври 2011 г.
  2. 2,0 2,1 Ѓорѓи Трајковски. Преглед на спомениците и спомен-обележјата во СР Македонија. „Републички завод за заштита на спомениците на културата“, Скопје 1986. година, 109. стр.

Надворешни врски

уреди