Споменик на природата Даб на Цветниот плоштад

Споменик на природата Дабот на Цветни плоштад претставува заштитено природно добро. Се наоѓа на улицата Његошева во општина Врачар и е најстариот ботанички споменик на природата во Белград.

Историја

уреди

Дабот на Цветниот плоштад постои веќе два века, тој е претставник на некогашните автохтони шуми на даб и јасен кои се простирале на поголемиот дел од Врачар, од Цветниот плоштад да паркот Мањеж.[1] Дрвата на тој простор биле исечени за да се изгради пазар во првата половина на 19 век, а во 1958 година била направена првата супермаркет на Балканот, веднаш до дабот на Цветни плоштад.[1]

Одлики

уреди

Дабот е висок 25 метри, обемот на стеблото е 4, додека обемот на крошната е 19 метри. Во урбаното ткиво се издвојува како зелен акцент кој зафаќа површина од 2,83 хектари.[2] Дрвото е исклучително значајно како споменик на културата и претставува хортикултурно наследство на Белград, а неговата вредност е во тоа што е најстарото заштитено дрво, кое има развиено импресивни димензии.[1][3]

Поради здравјето на дрвото се одржуваат помали интервенции како што се поврзување, отстранување на суви и скршени гранки, санирање на стеблото и гранките и потхранување на корените со минерално ѓубриво.[1] Пред дрвото има двојазична табла на која се наоѓаат најважните податоци за дрвото, неговата старост, димензии, потекло и биолошки особини.[1]

Дабот првпат бил заштитен во 1980 година, а потоа и во постапката за ревизија во 2001 година, како претставник на видот педункуларен даб и еден од ретките примери на некогашни дабо-јасенски шуми на овие простори. Големите примарни гранки на дрвото во двеилјадата година биле поврзани и стабилизирани со метални сајли, за да се заштитат од кршење.[1]

Поврзано

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди

 

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „Najstariji stanovnik Beograda:Sigurno ste ga bar jednom videli, a niste znali njegovu priču“. dnevno.rs. 8 март 2016.
  2. „Dva veka hrasta na Cvetnom trgu“. Вечерње новости. 10 мај 2012.
  3. „Заштита корена храста на Цветном тргу“. dobrevest.rs. 13 октомври 2013.

Надворешни врски

уреди