Споменик на депортираните Евреи (Битола)
Споменик на депортираните Евреи познат како Камена менора — споменик подигнат во чест на депортираните Евреи од Битола за време на Втората светска војна.[1] Споменикот бил поставен на 11 март 1958 година, на 15-годишнината од депортацијата на битолските Евреи. Споменикот е дело на Марика Митревска (архитект) и Петар Пешка (автор на идејата) во соработка со д-р Хаим Абраванел и Нико Сервини.[2]
Споменик на депортираните Евреи | |
---|---|
Поглед кон споменикот | |
Општи податоци | |
Стил | апстрактен стил |
Град | Битола |
Земја | Македонија |
Координати | 41°01′59″N 21°19′59″E / 41.0329952° СГШ; 21.3329526° ИГД |
Завршена | 11.03.1958 |
Сопственик | Општина Битола |
Технички податоци | |
Големина | преку 2 м |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Марика Митревска, Петар Пешка (идеја) |
Местоположба
уредиСпоменикот се наоѓа пред здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола,[1] на местото на некогашната синагога Арагон.[2]
Камената менора, споменик за убиените Евери од Битола во нацистичките логори, бил првото спомен-обележје на жртвите од холокаустот во поранешна Југославија посветено на јавна урбана површина. Претходно изградените споменици најчесто се поставувале на еврејските гробишта, а ваквата постапка значела навестување на нова фаза во комеморациите за депортираните Евреи во порнашените југословенски простори.[2]
Заднина
уредиНа 11 март 1943 година, се случил актот на геноцидот, најстрашната трагедија врз битолските односно македонските Евреи.
Од Битола 3351 лице од еврејско потекло со другите Евреи од Македонија заклучно со 5 април биле одведени во логорите на смртта во Треблинка, од каде ниту еден Евреин од Македонија не се вратил.[3]
Опис
уредиСпоменикот претставува стилизирана менора во апстрактен стил. Висок е над 2 метра. Изработен е од сив камен.[1]
Споменикот претставува еврејски свеќник (менора) со седум гранки, со делумно скршени краеви, симболизирајќи ја трагедијата на жртвите, но и неуништивоста на еврејскиот народ.[2]
Од овие особини на споменикот произлегува неговиот назив „Камена менора“.
На споменикот е испишан текстот:
МАРТ 1943
НА 3013 ЕВРЕИ
НАШИ СОГРАЃАНИ
ЖРТВИ НА ФАШИСТИЧКИОТ ТЕРОР
ГРАЃАНИТЕ НА БИТОЛА
11 МАРТ 1958
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Bitola - Monument to Deported Jews“. Посетено на 22 октомври 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „ЕВРЕЈСКАТА МЕНОРА ВО БИТОЛА БИЛА ПРВ СПОМЕНИК ЗА ДЕПОРТАЦИЈАТА ПОСТАВЕН НА ЈАВНА ПОВРШИНА ВО ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА“. СДК. 18.06.2023. Посетено на 11 март 2024. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Евреите од Битола“. НУ Завод и музеј Битола. март 2011. Посетено на 22 октомври 2022. Укажано повеќе од еден
|lang=
и|language=
(help)