Синагога Арагон (Битола)

поранешна синагога во Битола

Синагога Арагон (ⅩⅤⅠ в.) – централен храм на арагонските (шпански) Евреи во Битола. Во Тора арката постоел Тора свиток донесен од Арагон (ⅩⅤ в.).

Срушената синагога Арагон во Битола
Олтарот на синагогата Арагон во Битола, меѓу 1918 и 1941 година, браќа Манаки

Во храмот служеле многу познати рабини, како: Адижес Давид (1575), Аврахам Фалкон (1643), шмуел Чадок (крајот на ⅩⅤⅠⅠ в.), Бенјамин Медина (1730), Аврахам бен Јехуда де Бу-тон (1760), Давид де Бутон (1794), Меркадо Камхи (1838), Ариел-Бен Цион (1913), Шабтај Џаин (1924), Аврахам Мориц Романо – последниот битолски рабин (1931)[1].

Во Втората светска војна бугарската фашистичка војска синагогата ја претворила во кланица за свињи, а пред крајот на војната била запалена. Арагон Синагогата била една од најголемите на Балканот.

Литература

уреди
  • Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993, 125;
  • Марк Цохен, Ласт Центурс оф а Сефардс Комунитатис. Јидисш - Монастир 1839–1943,
  • Њујорк, 2003; Еврејски извори за обштествено–икономическото развитие на Балканските земи през ⅩⅤⅠⅠ век, Ⅱ, София, 1960. Ј. Нам.

Наводи

уреди