Споменик на г.г. Доситеј (Скопје)

Доситеј претставува бронзена скулптура на првиот Архиепископ на возобновената Македонска православна црква, г.г. Доситеј. Споменикот се наоѓа на платото пред соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје и е подигнат по повод 40 години од возобнувањето на Македонската православна црква.[1] Споменикот свечено бил откриен на 8 декември 2007 година, веднаш по утринската литургија на која учествувале сите владици на МПЦ. Споменикот е дело на академикот Томе Серафимовски, а бил донација на тогашниот скопски градоначалник Трифун Костовски.[2]

Поглед кон споменикот

Наводи

уреди
  1. „Орден за Кирил, споменик за Доситеј“. Вечер. 8 декември 2007. Посетено на 2011-08-03.[мртва врска]
  2. „Споменик на архиепископ Доситеј“. Дневник. 6 декември 2007. Посетено на 2011-08-03.

Надворешни врски

уреди