Споменик на Гоце Делчев (плоштад Македонија)
(Пренасочено од Споменик на Гоце Делчев (Плоштад Македонија))
Споменикот на Гоце Делчев се наоѓа на плоштадот Македонија во Скопје, Македонија. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект Скопје 2014 и официјално бил поставен на почетокот од мај 2011 година.
Споменик на Гоце Делчев | |
---|---|
Општи податоци | |
Вид | споменик, статуа |
Место | Плоштад Македонија |
Град | Скопје |
Земја | Македонија |
Завршена | 2010 |
Отворена | мај 2011 |
Трошок за изградба | 850.000 евра |
Сопственик | Министерство за култура |
Проектирање и изградба | |
Архитект | Жарко Башевски |
Споменикот е сместен покрај Камениот мост, на десниот брег од реката Вардар, а Гоце Делчев е претставен како учител. Веднаш од овој споменик, се наоѓа и Даме Груев.
Даме Груев и Гоце Делчев се првите монументални споменици поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“. Спомениците, меѓу првите излеани во леарницата „Фердиндо Маринели“ од Фиренца, со помош на камиони и со обезбедување биле транспортирани до плоштадот.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Споменик на Гоце Делчев (плоштад Македонија) на Ризницата ?