Споменик на Даме Груев (плоштад Македонија)

Споменикот на Даме Груев се наоѓа на плоштадот Македонија во Скопје, Македонија. Споменикот бил најавен како дел од т.н. проект „Скопје 2014“ и официјално бил поставен на почетокот од мај 2011 година.

Споменик на Даме Груев
Општи податоци
Видспоменик, статуа
МестоПлоштад Македонија
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Завршена2010
Отворенамај 2011
Трошок за изградба850.000 евра
СопственикМинистерство за култура
Проектирање и изградба
АрхитектЖарко Башевски

Споменикот е сместен покрај Камениот мост, на десниот брег од реката Вардар, а Даме Груев е облечен во револуционерна облека со пушка-манлихера во десната рака. Веднаш од овој споменик, се наоѓа и Гоце Делчев.

Даме Груев и Гоце Делчев се првите монументални споменици поставени во рамките на проектот „Скопје 2014“. Спомениците, меѓу првите излеани во леарницата „Фердиндо Маринели“ од Фиренца, со помош на камиони и со обезбедување биле транспортирани до плоштадот.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди