Специјално воспитување
„Специјално воспитување“ (српски: Специјално васпитање) — југословенски филм од 1977 година, во режија на Горан Марковиќ. Главните улоги ги толкуваат: Славко Штимац, Беким Фехмиу, Александар Берчек и Љубиша Самарџиќ.[1]
Синопсис
уредиПетар Антиќ - Трта живее со мајка му во голема беда, па мора да краде за да набави храна. Полицаецот Цане е благонаклонет кон малиот крадец, но откако е уапсена мајка му, Трта е одведен во поправен дом. Таму, состојбата е хаотична и секојдневно се случуваат тепачки меѓу штитениците на домот. Тогаш, во домот доаѓа нов воспитувач, Жарко Мунижаба, кој има поинакви методи на воспитување. Тој е посветен на штитеникот Љупче, кој не зборува уште од смртта на мајка му. Набргу, Мунижаба доаѓа во судир со директорот на училиштето и со психологот, но не се откажува до своите методи кои вклучуваат и физичко казнување. Сепак, тој се грижи за штитениците многу повеќе од другите воспитувачи, така што им дава и слободно време. Трта и Љупче се обвинети дека украле пари од станот на симпатијата на Љупче, а тие, иако не се виновни, од страв бегаат од домот со украден автомобил...
Наводи
уредиОваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |