Треви: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија
Нема опис на уредувањето
Ред 43:
Секој поединечен цвет на тревите е со мала големина и кај него отсуствува околуцветник или перигон (чашкини и венечни ливчиња). Наместо тоа, тој поседува две ситни лушпи наречени ''lodiculi'' кои се наоѓаат во неговата основа. Над лодикулите се развиваат по 3 [[прашник]]а (или 6 кај оризот). Единствениот плодник е натцветен и со две пердувести устенца. Тој созрева во одделен, едносеменски [[плод]] наречен [[кариопсис]] (''caryopsis''), кој се одликува со тоа што при неговото образување, семето се соединува со ѕидот на јајчникот (плодникот).
 
Цветовите кај тревите се групирани во мали класчиња. Секое класче се состои од оска наречена ''rachilla'' околу која се образуваат поединечните цветови. Секој цвет е затворен со две лушпести [[прицветник|прицветници]] означени како ''lemma'' (надворешен [[прицветник]]) и ''palea'' (внатрешен прицветник). Во основата на рахилата се наоѓаат две лушпи наречени ''glumae'' (еднина ''gluma'') кои се празни (не содржат цветови). Палеата е најчесто нежна и мембранозна, за разлика од глумите и лемите кои се груби по конзистенција. Постојат големи разновидности во деталната градба на цветовите на тревите, што е причина за големиот број на видови.
 
== Систематика ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Треви