Ратко Јанев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазично подобрување, replaced: нуклеарни → јадрени (3)
с →‎Научна дејност: Референца
Ознака: Отповикано
Ред 16:
== Научна дејност ==
 
Јанев е професор со светски углед во областите на [[атомска физика|атомската]] и [[јадрена физика|јадрената физика]], член на [[МАНУ]], професор и консултант на повеќе светски познати универзитети и институти. Има објавено голем број научни трудови во водечките меѓународни научни списанија. Со над 600 научни трудови во меѓународни списанија со импакт фактор (SCIndex ili IF <ref>Импакт Фактор (Impact faktor) за индексирани академски научни списанија</ref>) академик Ратко Јанев<ref>Редовен член на МАНУ</ref> е еден од најпродуктивните физичари во втората половина на двадесеетиот век во светската физика. проф. Ратко Јанев е држал позиции во Нобеловиот комитет (како предалагачПредалагач на кандидатите за Нобеловата награда за физика во осумдесеттите и деведестите години на минатиот век и претставува еден од најцитираните физичари во областа на атомската физика<ref>Извор: Нова Македонија, „Ратко Јанев-еден од најцитираните атомски физичари" [https://novamakedonija.com.mk/zivot/magazin/ratko-janev-eden-od-najcitiranite-atomski-fizichari/]</ref>. Ратко Јанев е, мегу другото, и добитник на престижната [[Хумболтова награда]] за физика.
 
Неговата научна дејност се одвива, главно, во областа на општите и методолошките проблеми на квантната теорија на меѓучестичните заемни дејствувања, теоријата на заемните дејствувања и судирните процеси меѓу атомските честички, кинетичките и транспортните процеси во јонизираните средини, физиката на заемното дејствување и судирните процеси меѓу атомските честички и површината на цврстите тела, физиката на гасните ласери и физиката на контролираната термојадрено соединување. Покрај ова, неговиот научен интерес е насочен и кон некои специјални проблеми во астрoфизиката, физиката на јоносферата, на тешките јони, на јонските извори и др.