Ѓорѓија Сајкоски (роден на 12 Август 1972 година во Кичево) — доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието.[1]

Ѓорѓија Сајкоски
Пратеник во Собранието на Македонија
На должноста
Стапил
17 Јуни 2015
Лични податоци
Роден(а) Ѓорѓија Сајкоски
12 август 1972(1972-08-12)(52 г.)
Кичево, СР Македонија
Народност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Вероисповед Православен христијанин

Живтопис

Сајкоски е роден на 12 Август 1972 г. во Кичево .Во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа, директор на ЈП Студенчица.

Сајкоски има извршувано и повеќе партиски функции и тоа бил член на избирачки одбор номиниран од ВМРО-ДПМНЕ во сите изборни циклуси од 1998 до 2006 година. Бил претседател на Месен Комитет Девеана, во склоп на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2008 година. Исто така Сајкоски бил претседател на комисија за култура под ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2010 година. Претседавал со Советот на Општина Кичево и бил исто така координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2013 година. Членувал во Комисија за локална самоуправа од 2010 до 2014 година. Сајкоски исто така бил и потсекретар период од 2011 до 2015 година. А, е претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево 2010 до 2020 година.

Наводи

  1. Макфакс (2020-09-30). „Ѓорѓија Сајкоски избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“. МАКФАКС. Посетено на 2020-10-19.