Ѓорѓија Сајкоски
Ѓорѓија Сајкоски (роден на 12 август 1972 година во Кичево) — доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието.[1]
Ѓорѓија Сајкоски | |
---|---|
Пратеник во Собранието на Македонија | |
На должноста | |
Стапил 17 јуни 2015 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | Ѓорѓија Сајкоски 12 август 1972 Кичево, СР Македонија |
Народност | Македонец |
Партија | ВМРО ДПМНЕ |
Вероисповед | Православен христијанин |
Животопис
уредиСајкоски е роден на 12 август 1972 година во Кичево. Во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа, директор на ЈП Студенчица.
Сајкоски има извршувано и повеќе партиски функции и тоа бил член на избирачки одбор номиниран од ВМРО-ДПМНЕ во сите изборни циклуси од 1998 до 2006 година. Бил претседател на Месен Комитет Девеана, во склоп на ОК ВМРО ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2008 година. Исто така Сајкоски бил претседател на комисија за култура под ОК ВМРО ДПМНЕ Кичево од 2004 до 2010 година. Претседавал со Советот на Општина Кичево и бил исто така координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до 2013 година. Членувал во Комисија за локална самоуправа од 2010 до 2014 година. Сајкоски исто така бил и потсекретар период од 2011 до 2015 година. Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кичево бил од 2010 до 2020 година.
Наводи
уреди- ↑ Макфакс (2020-09-30). „Ѓорѓија Сајкоски избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ“. МАКФАКС. Посетено на 2020-10-19.