Франциско Лазаро (21 јануари 1891[1]15 јули 1912[2]) бил првиот португалски маратонец на Олимписките игри кој својот настап го имал на Летните олимписки игри - 1912 одржани во Стокхолм.

Франциско Лазаро
1891-1912

Лазаро исто така бил и првиот атлетичар којшто умрел за време на маратонот на Олимписките игри. Несреќата се случила на 29. километар од трката. Причините за неговата смрт се поврзуваат со дехидратација поради релативно високата температура за време на трката. Подоцна се дознало дека Лазаро бил намачкан со големо количество на восок како заштита од јакото сонце. Но, восокот предизвикал сериозни последици со што Франциско ја загубил природната способност што довело до елекртолитичка нерамнотежа.[3]

Наводи уреди

  1. http://www.brainyhistory.com/events/1891/january_21_1891_63573.html
  2. http://www.brainyhistory.com/events/1912/july_15_1912_74969.html
  3. Pires, Gustavo. „Francisco Lázaro, a emborcação no treino“ (португалски). Fórum Olímpico de Portugal. Архивирано од изворникот на 2008-09-16. Посетено на 2008-07-07.