Порто Алегре (порт. Porto Alegre, „весело пристаниште“) — град во Бразил и главен град на државата Рио Гранди ду Сул. Според проценките од 2007 година во градот живееле 1,420,667 жители. Со 3,8 милиони жители во поширокото градско подрачје, тоа е еден од најголемите градови во Бразил, економски и културен центар на југот од земјата.

Прото Алегре
Знаме на Прото АлегреАмблем на Прото Алегре
Амблем
Гесло: Лојалниот и храбар град Порто Алегре
Местоположба на Прото Алегре
Прото Алегре is located in Бразил
Прото Алегре
Прото Алегре
Локација во Бразил
Координати: 30°01′59″S 51°13′48″W / 30.03306° ЈГШ; 51.23000° ЗГД / -30.03306; -51.23000
Земја Бразил
Сојузна држава на БразилЈужно Рио Гранде
МосорегионМетропола Порто Алере
МосорегионПорто Алегре
Founded26 March 1772
Управа
 • ГрадоначалникХосе Фортунати (PDT)
Површина
 • Градска1 E+8_m²
Надм. вис.&1000000000000001000000010 м
Население (2010)
 • Градско1,509,939 (10th)
 • Густина394/км2 (1,020/ми2)
 • Метро4,405,769 (4th)
ДемонимPorto-alegrenses
Часовен појасUTC-3 (UTC-3)
 • Лете (ЛСВ)UTC-2 (UTC-2)
Postal Code90000-000
Повик. бр.+55 51
Мреж. местоPorto Alegre, Rio Grande do Sul
Порто Алегре и Лагуна Патос (сателитска снимка)

Порто Алегре е оддалечен 1063 километри од Буенос Аирес, 890 километри од Монтевидео и 1109 километри од Саун Пауло.

Споредената студија на ООН, утврдила дека Порто Алегре е град со најдобар квалитет на животот меѓу поголемите градови во Латинска Америка.

Градот настанал како пристаниште на местото каде пет реки се влеваат во езерото Гујаба, според кои таа е дел од Лагуна Патос (Lagoa dos Patos).

Порто Алегре на 26 март 1772 година го основале Португалци од Азора. Официјално станал град во 1809 година. Во 19 век тука се доселувале многу германски, полски и италијански емигранти. Во последниве години, Порто Алегре бил домаќин на Светскиот социјален форум, иницијатива на неколку невладини организации. Градот станал познат по тоа што е првиот град кој спроведува партиципативно буџетирање.[1] Деветтото Собрание на светскиот совет на црквите се одржал во Порто Алегре во 2006 година. Од 2000 година, Порто Алегре исто така е домаќин на најголемиот светски слободно софтверски настан, наречен FISL.

Градот бил еден од градовите домаќини на Светско Првенство во фудбал во 2014 година, откако претходно бил домаќин на Светското Првенство во 1950 година. Порто Алегре, како и јужниот регион на Бразил, имаат ниски стапки на криминал според бразилските стандарди[2]

Пораст на население уреди

Менување на демографијата на градот Порто Алегре

Извор: Planet Barsa Ltda.[3]

 
Католичка катедрала во Порто Алегре

Наводи уреди

  1. Eva-Maria Verfürth (February 2013). „More generous than you might think“. dandc.eu.
  2. „Jaraguá do Sul é a cidade mais segura do Brasil - Notícias - R7 Domingo Espetacular“. noticias.r7.com. Посетено на 12 October 2017.
  3. „Barsa Planeta Ltda“. Brasil.planetasaber.com. Архивирано од изворникот на 2011-07-15. Посетено на 2010-10-21.