Основачка конференција на ВМРО (Обединета)

Прва конференција или Основачка конференција била конференција на ВМРО (Обединета) на која биле поставени нејзините темели. Таа била одржана во Виена, Австрија во периодот од 1 до 11 октомври 1925 година. На конференцијата присуствувале 16 делегати, сите од нив дејци со левичарска идеологија.[1] Причината за одржување на конференцијата била заснована на Мајскиот манифест од 1924 година[1], при што една од задачите на конференцијата била да се изработи програма на организација која ќе го спроведува манифестот.

Дел од темата
ВМРО (Обединета)
Устав на ВМРО (Обединета)

Наводи уреди