Дотек — поим во хидрологијата што го означува изворот на вода на една водна површина . Поимот може да се однесува и на просечното количество на дојдовна вода во единица време. Спротивно на ова е поимот истек.

Торенте Песконе, еден од приливите на езерото Орта (Италија).

Сите водни површини имаат повеќе разни дотеци, но честопати еден од нив предоминира како главен извор на вода. Во други случаи не постои еден главен дотек, туку водоснабдувањето е релативно рамномерно, од неколку извори.

Кај езерата, дотекот најчесто е река или поток што се влева непосредно во езерото. Друг облик на дотек кој не е во облик на водотек се врнежите, како да речеме дождот.