Братислав Ташковски

Братислав Ташковски (Скопје, 11 септември 1960) — македонски поет, раскажувач, публицист, новинар, уредник на Македонско дело и на литературниот месечник АКТ и Форум плус.

Братислав Ташковски
Роден(а)11 септември 1960
Скопје, СФРЈ СФР Југославија денес Македонија Македонија
НационалностМакедонец
Занимањепоет

Животопис уреди

Ташковски е роден во Скопје во 1960 гидна. Студирал новинарство на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Бил претседател на Советот на меѓународната поетска манифестација „Струшки вечери на поезијата“. Во 2010 година бил добитник на Рациновото признание за неговата книга ,,Кафе од гревови,, во издание на Макавеј.[1] Негови дела сеː Прсти во облаците (1987), Бикови во мојот крвоток (1989), Опасна хартија (1991), Ангелот и жедната муза (1994), Демоника, Мојот кинески меч (2001), Попладнето на еден оптимист (2003), Песни од минатиот век (2004), Гола земја (2005), Големата љубовна песна (2006), Расцепен ум (2011)[2].

Награди уреди

Наводи уреди

  1. Братислав Ташковски е годинашниот добитник на Рациновото признание
  2. „Расцепен ум“ од Братислав Ташковски, ново издание на „Макавеј“
  3. „Награда „Браќа Миладиновци". Струшки вечери на поезијата. Архивирано од изворникот на 2019-10-16. Посетено на 9 јуни 2020.
  4. „Рациновото признание за 2010 ќе му биде врачено на Братислав Ташковски за романот „Кафез од гревови. Посетено на 8 јуни 2020.