Хари Потер и Затвореникот од Азкабан: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
преобработка за да ја доведам статијата до повисоко ниво
Ред 30:
=== Вознемирувачки вести ===
 
[[Хари Потер (лик)|Хари]] поминува уште едно здодевно лето кај своите роднини [[Споредни ликови од Хари Потер#Дарслиеви|Дарслиеви]]. На големо незадоволство на Хари сестрата на неговиот тетин, Марџ доаѓа на посета. Нејзината арогантност, вообразеност и мислења за родителите на Хари предизвикуваат да тој не сакајќи ја надуе со што таа излетува од куќата. Мислејќи дека ќе биде исфрлен од Хогвортс училиштето за магии и волшебништво решава да замине од кај Дарслиеви и почнува да талка по улиците. Талкајќи забележува црно мисериозно куче кое почнува да ‘ржи, не знаејќи ги вистинските намери на кучето пред него се појавува голем висок [[автобус]]. Дознава дека автобусот е таен автобус за волшебници и волшебнички наречен Витешки автобус. Во витешкиот автобус никој не знаејќи дека тој е Хари, му кажуваат за најновата вест во волшебниот свет, ладнокрвен убиец и поранешен следбеник на [[Лорд Волдеморт]] избегал од волшебничкиот затвор [[Азкабан]]. По непријатните вести оставен е пред „Дупнатиот котел“ каде е пречекан од министерот за магии, Корнелиус Фаџ од кој дознава дека остатокот од летниот одмор ќе помине таму поради сè уште необјаснети причини. Хари поминува забавен распуст и набргу се соединува со [[Рон Визли|Рон]] и [[Хермиона Гренџер|Хермиона]]. Хермиона решава да си купи мачка која почнува да го излудува Рон и неговиот стаорец Скаберс. Неколку дена пред да започне учебната година Хари наслушува од родителите на Рон дека [[Сириус Блек]] всушност избегал од Азкабан за да се одмазди на Хари.
 
На патот кон Хогвортс во [[Хогвортс Експрес]], Хари, Рон и Хермиона влегуваат во купе во возот во кое има заспан човек покриен со мантил. Дискутирајќи ги неодамнешните настани придружени се од [[Невил Лонгботом]] и [[Џини Визли]]. Одненадеш возот застанува а во купето на Хари влегува морничаво црно суштество со качулка, а Хари веднаш се онесвестува гледајќи бела светлина и слушајќи пискав женски глас. Кога се разбудува останатите му објаснуваат дека човекот со мантијата е всушност професор во Хогвортс и кога суштеството влегло во купето се насочило кон Хари а човекот отскокнал и промрморел некои зборови и излегла бела светлина. Учебната година набргу започнува, Хари, Рон и Хермиона сега се во третата година која носи повеќе предизвици и повеќе предмети за изучување. Во меѓувреме Хари дознава дека мистериозното суштество во возот се вика Дементор и служи како чувар на волшебничкиот затвор, а оваа година неколку Дементори се поставени околу Хогвортс како чувари на училиштето поради можни напади од Сириус Блек. Дознава и дека суштеставата ја впиваат среќата од човекот и го оставаат да умира во страдање.
 
Чуварот на имотот, [[Рубеус Хагрид]] станува новиот професор по [[Хогвортс#Грижа за волшебните суштества|грижа за волшебните суштества]], но уште на првиот час со годината на Хари, прекрасниот хипогриф Бакбик поради арогантноста на [[Драко Мелфој|Мелфој]] го повредува и Мелфој е пратен во болница, а Хагрид е ставен под лупа на министерството. Човекот од возот, [[Ремус Лупин]], се покажува како новиот професор по одбрана од мрачните вештини и брзо почнува да фаворизира Хари.
 
 
==Референци==