Бургас: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 46:
Потоа, на 15 километри југозападно од Бургас е основан римскиот град Деултум (лат. Colonia Flavia Pacis Deultemsium) кој исто така бил воена колонија а потоа се претвора во важен центар на провинцијата Хемимонтус. Од старото име потекнуваат називите Девелт и Дебелт. Тука бил изграден медицински центар до многуте извори на минерални води во овој регион.
 
Во средниот век на 10 километри е изградена тврдината Пиргос, сместена на полуостровот Форос, во близина на денешната населба Крајморие. Таа најверојатно е користена како набљудувачница и таму се наоѓаат пристапите кон тврдините Девултум и Скафида и римскиот пат Виа Понитка. Нејзините остатоци постоеле и во 19 век за што сведочат различни Европејци посетувачи на регионот во тој период. При археолошките ископувања во 2009 година се откриени дел од тврдината и античка населба во близина на него која датира од доцната антика (V век по Христа).
која датира од доцната антика (V век по Христа).
 
=== Под османлиска власт ===
Според податоците на францускиот конзул во Црното Море Шарл де Пејсонел (1727-1790) градот почнува да расте благодарение на трговијата и извозот на житарици за Цариград во средината на 18 век. Дури во 17 век Бургас го добива сегашново име. Првично е наречен Ахело Бургас, а по Ослободувањето - Бургас.
Со повлекувањето на руските трупи по завршувањето на Руско-турската војна од 1828-1829 година, поголем дел од бугарското население на Странџа и крајбрежјето ги напушта родните домови и следејќи ја армијата надвор од Бугарија се населил во Украина, Молдавија, Бесарабија и други територии на Руската Империја. Во следните години тие се враќаат а дел од турското население избегал пред војната. Во напуштените села се населиле Бугари од внатрешноста на земјата кои под влијание на грчките наставници и свештеници постепено се погрчуваат. Во 1869 година во Бургас се основаат бугарско училиште и црква во регионот на денешниот храм "Св св Кирил и Методиј".
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Бургас