Иван Нинковски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎Живот и дејност: Исправка на буква, replaced: нa → на
Ред 36:
Роден крај [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]] во 1921 година во стара охридска фамилија како син на Тодос Нинко и Ксантипи Теодоси, имал 19 години кога под налетот на [[Бугарска окупација на Македонија во Втората светска војна|бугарските фашистички окупаторски сили]] во 1941 година го напуштил родниот крај и пребегал во [[Тирана]], [[Република Албанија|Албанија]] кај неговиот вујко Јанко Теодоси. Таму посетувал италијанско училиште заедно со неговите четири братучеди и го научил [[италијански јазик|италијанскиот јазик]] кој подоцна му овозможил да се усоврши во областа на овоштарството.
 
По завршувањето на студиите на Земјоделскиот факултет во [[Земун]] кон крајот на 1949 година почнал да работи како професор по [[овоштарство]] и [[лозарство]] во едно училиште во [[Социјалистичка Република Македонија|Македонија]]. Потоа бил градски агроном во [[Охрид]] и главен агроном во Кооперативниот синдикат на охридскиот округ, па директор на Лозарскиот расадник во [[Струга]] и главен агроном на Кооперативниот синдикат на охридско-струшкиот округ. Едно време бил потпретседател и претседател на [[Општина Охрид]]. Во 1960 година добил стипендија за тримесечно студиско патување низ расадниците во [[Италија]], која тој период почнала да зазема главна улога во развојот на овоштарството во [[Европа]]. Тоа искуство му помогнало да подигне плантажи во Охрид и [[Преспа]]. Есента 1964 година се префрлил во [[Скопје]] и работел како уредник на земјоделската емисија на [[ТВ Скопје]]. Во агрономскиот институт П.К. Белград почнал со работа во 1967 година и тоа на проблемите со интеграцијата на [[ПКБ]] со овошните организации во атарот нaна градот Белград. Бил директор на Заводот за овоштарство и лозарство.
 
Посебно внимание посветил на проучувањето на видот [[праска|нектарини]]. Во 1982 година ја објавил книгата „Nektarina“ во издание на Нолит, книга која била преведена и на [[унгарски јазик|унгарски]]<ref name="Nektarin">[https://moly.hu/konyvek/ivan-ninkovski-nektarin]</ref>.