Едгар Алан По: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Зад гробот - мистеријата за човекот со црн плашт: Правописна исправка, replaced: полу-п → полуп (2)
поправка на правопис - пијалак наместо пијалок
Ред 55:
Во [[1846]] година, По се преселил во една куќичка во Фордхем (''Fordham''), денес дел од [[Бронкс]], Њујорк, каде пишувал за '„Годиевата книга за дамите“ (''Godey’s Lady’s Book''), од [[мај]] до [[октомври]] [[1846]] година. Списанието се занимавало со озборување и грубо скицирање на личностите на денот, работа која на По му донела [[суд]]ска тужба. Тука По бил восхитен од [[Камбанарија|камбаните]] на Фордхемовиот универзитет, што подоцна го инспирирало да ја напише песната „Ѕвона“ (''The Bells''). Во овој период, семејството на По живеело во крајна беда, така што немале пари ниту за огрев.
 
На [[30 јануари]] [[1847]] година, умрела неговата жена Вирџинија, а По, обземен од тага и разочарување доживеал нервен слом при што лекарите му дијагностицирале „болни промени на едната страна на [[мозок]]от“. Не можејќи да ја поднесе самотијата, По помислувал на [[самоубиство]]. Во 1847 година, тој ги напишал песната „Јулалума“ и еејот „Пределот Арнхајм“. Следната година, По заминал во [[Провиденс]] (Providence, Rhode Island) за да ја запроси поетесата [[Сара Хелен Витман]] со која кратко време бил свршен. Исто така, По имал кратки, но платонски врски и со [[Ени Ричмонд]] (Annie Richmond) и со [[Сара Ана Луис]] (Sarah Anna Lewis), која финансиски го издржувала. Во [[1848]] година, ја објавил песната во проза „Еурека“ (''Eureka''), [[трансцеденција|трансцедентално]] објаснување на универзумот, кое ја разработува тезата за [[сон]]иштата како единствената реалност. Во [[1849]] година, По заминал на [[југ]], но пак се вратил во Ричмонд, каде конечно се свршил со Елмира Ројстер, неговата љубена, сега веќе вдовицата Шелтон, и со неа поминал едно среќно лето, со само еден или два испади. Истовремено, тој уживал во друштвото на своите другари од детството, но и во полуромантичното пријателство со младата поетеса [[Сузан Арчер Тели]] (Susan Archer Talley). Во текот на 1849 година, По работел интезнивно и ги напишал „Ѕвона“, „Анабел Ли“, „За Ани“ итн. Сепак, [[Алкохолен пијалокпијалак|алкохолот]] дефинитивно му го нарушиле здравјето и неговите пријатели собрале парична помош за да му овозможат лекување.<ref name="ReferenceD">„Хронологија“, во: Едгар Алан По, ''Поезија'', Македонска книга, Скопје, 1969, стр. 68.</ref>
 
=== Смрт: причини и теории ===