Битолски партизански одред „Гоце Делчев“: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Битки и акции: Правописна исправка, replaced: др. → д-р
с поврзување
Ред 4:
 
== Битки и акции ==
На леринско-костурската територија, одредот имал повеќе акции кај селата: [[Вишени]], [[Черешница (Костурско)|Черешница]], [[Блацо]], [[Жервени]], [[Дреновени]], [[Црновишта]] и [[Поздивишта]].<ref name=":0">{{Наведена книга|title=Македонски историски речник|first=|last2=д-р Стојан Киселиновски и д-р|first2=|publisher=ИНИ|year=2000|isbn=9989-624-46-1|location=Скопје|pages=77}}</ref> Заедно со [[НОПО „Вичо“|Леринскиот НОПО „Вичо“]] ги разоружал [[контрачетници]]те на леринско-костурското подрачје (23 мај – 1 јуни). Потоа се префрлил во [[Битолско]] (11 јуни), каде што извршил напад на италијанската караула меѓу селата [[Герман]] – [[Брајчино]], кај с. [[Лавци]] водел борба против бугарската полиција (23 јуни), а кај селото [[Рајца]], на пл. [[Баба (планина)|Баба]] и на [[Сливничка Планина]] (во [[Преспа]]) водел борба против италијанските карабинери (2–8 август).
 
По [[капитулацијата на Италија]], кај селото [[Отешево]] разоружал група од 60 италијански војници, а кај селото [[Љубојно]], заедно со [[Битолско-преспански НОПО „Даме Груев“|Одредот „Даме Груев“]], разоружале над 200 италијански војници. По наредба на [[Главен штаб на НОВ и ПОМ|Главниот штаб на НОВ и ПОМ]] (прва половина на [[септември]] 1943 година), одредот се поделил на два дела – едниот дел останал во Преспа, а главнината заминала на планината [[Кајмакчалан]] и [[Кожуф]], вршејќи диверзии на железничката линија [[Лерин]] – [[Воден]] – [[Солун]] и ја онеспособувал за сообраќај. По митинзите во селата во [[Чеган]], [[Кронцелево]] ([[Воденско]]), [[Попадија (Леринско)|Попадија]] ([[Леринско]]), [[Саракиново]], [[Горно Родиво|Горно]] и [[Долно Родиво|Долно Родево]] ([[Мегленско]]) и [[Тиквешко]], влегол во состав на [[баталјон „Стив Наумов“|баталјонот „Страшо Пинџур“]]. Делот што останал во Преспа влегол во составот на [[баталјон „Страшо Пинџур“|баталјонот „Стив Наумов“]].<ref>„Битолските народноослободителни партизански одреди“, Битола, 1982;</ref><ref>„Македонија од устанка до слободе 1941–1945“. (Зборник радова), Београд, 1987.</ref>