Асинхрон режим на пренос: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Предности на мрежите АТМ: Јазична исправка, replaced: подржув → поддржув (2)
с →‎top: Правописна исправка, replaced: се уште → сè уште
Ред 3:
Стандардните ISDN беа прв напор кон решавањето на овие потреби.
Препораките усвоени од страна на CCITT (сега телекомуникациски огранок на Меѓународната унија за телекомуникации) во 1984 година го дефинираа ISDN како мрежа што обезбедува дигитална поврзаност од крај до крај за да поддржи широк асортиман на услуги за корисниците преку ограничена група на стандардни интерфејси корисник-мрежа.
ISDN обезбедија воспоставување гласовни и податочни врски и се фокусираа исклучително на интерфејсот меѓу корисникот и мрежата и не се занимава со внатрешната организација на мрежата. Всушност, штом ќе влезеа во мрежата, гласовниот и податочниот собраќај, обично, се насочуваа кон различни мрежи со префрлање на линии и префрлање на пакети. Така, мрежниот оператор сесè уште беше оптоварен со сложена задача да управува со повеќе различни мрежи.
Наскоро стана јасно дека за управување со апликации, како што се меѓусебните поврзувања на локалните мрежи (LAN), како и за трансфер на висококвалитетна дигитална телевизија, ќе бидат потребни интерфејси со повисоки брзини. Почетните дискусии за широкопојасни ISDN (B ISDN) се фокусираа на дефинирањето на дополнителните интерфејси по должината на линиите на воспоставените брзини во телефонската дигитална хиерархија на мултиплексирање. Меѓутоа, на крај дискусиите доведоа до радикално различен пристап, познат како ATM; кој се обидува да управува со стабилен проток на сообраќај (steady stream traffic), податочен сообраќај во налети (bursty traffic) и се што се наоѓа меѓу. ATM вклучува претворање на целиот собраќај што се одвива низ мрежата во 53-бајтни блокови наречени ќелии. Како што е прикажано на слика 1, секоја ќелија има 48 бајтни корисничка информација и петбајтно заглавие, кое и овозможува на мрежата секоја ќелија да ја препрати до нејзиното одредиште.