Асинхрон режим на пренос

Концептот на мрежите АТМ произлезе од активностите за стандардизација насочени кон развојот на Интегралните мрежи за дигиталните услуги (Integrated Services Digital Networks / ISDN). Во седумдесеттите години на минатиот век беше јасно воспоставена тенденцијата кон целосна дигитализација на телефонските мрежи (со префрлање на кола) и беше препознаена потребата од (на крај) проширување на дигиталнито поврзување на крајните корисници. Стандардните ISDN беа прв напор кон решавањето на овие потреби. Препораките усвоени од страна на CCITT (сега телекомуникациски огранок на Меѓународната унија за телекомуникации) во 1984 година го дефинираа ISDN како мрежа што обезбедува дигитална поврзаност од крај до крај за да поддржи широк асортиман на услуги за корисниците преку ограничена група на стандардни интерфејси корисник-мрежа. ISDN обезбедија воспоставување гласовни и податочни врски и се фокусираа исклучително на интерфејсот меѓу корисникот и мрежата и не се занимава со внатрешната организација на мрежата. Всушност, штом ќе влезеа во мрежата, гласовниот и податочниот собраќај, обично, се насочуваа кон различни мрежи со префрлање на линии и префрлање на пакети. Така, мрежниот оператор сè уште беше оптоварен со сложена задача да управува со повеќе различни мрежи. Наскоро стана јасно дека за управување со апликации, како што се меѓусебните поврзувања на локалните мрежи (LAN), како и за трансфер на висококвалитетна дигитална телевизија, ќе бидат потребни интерфејси со повисоки брзини. Почетните дискусии за широкопојасни ISDN (B ISDN) се фокусираа на дефинирањето на дополнителните интерфејси по должината на линиите на воспоставените брзини во телефонската дигитална хиерархија на мултиплексирање. Меѓутоа, на крај дискусиите доведоа до радикално различен пристап, познат како ATM; кој се обидува да управува со стабилен проток на сообраќај (steady stream traffic), податочен сообраќај во налети (bursty traffic) и сè што се наоѓа меѓу. ATM вклучува претворање на целиот собраќај што се одвива низ мрежата во 53-бајтни блокови наречени ќелии. Како што е прикажано на слика 1, секоја ќелија има 48 бајтни корисничка информација и петбајтно заглавие, кое и овозможува на мрежата секоја ќелија да ја препрати до нејзиното одредиште.

Предности на мрежите АТМ

уреди
  1. Мрежната инфраструктура и нејзиното управување се поедноставени со користење на единствен режим за трансфер во мрежата; всушност, во архитектурата АТМ се вградени широки способности за управување со широчината на појасот.
  2. За разликата од мрежите со заеднички медиум, АТМ не е ограничена со брзина или со растојание; нејзината природа, која е заснована на префрлање и овозможува на АТМ да работи преку мрежите LAN, како и преку глобалните скелетни мрежи со брзини што се движат од неколку Mbps до неколку Gbps.
                                 Асинхронен начин на пренос и размена на рамки	

Ансинхронен начин на пренос и размена на рамки е техника на приклучоци кај телекомуникациската мрежа. Овој начин на пренос користи временско-делбено мултиплексирање [1][2] и врши декодирање на податоци во мали ќелии со фиксна големина. Оваа техника се разликува од Етернет LAN мрежите кои користат ограничени пакети или рамки. АТМ овозможува ниво на податочни врски коишто се извршуваат преку OSI ниво 1 на физички врски. АТМ функциски е сличен на кружното мрежно поврзување и поврзувањето со мали пакети. Според оваа функционалност АТМ влегува во добрите мрежи кои мораат да го поддржуваат традиционалниот пренос на податоци со определена брзина, реално време, ниска латентност, содржина како пренос на податок во облик на глас или видео. АТМ користи конекциски ориентиран модел во кој виртуелното коло треба да биде поставено помеѓу две крајни точки пред да започне вистинската размена на податоци.[2] АТМ е важен протокол кој се користи кај SONET/SDH кај ISDN.

                                                АТМ концепти
                                                Зошто ќелии?

Да разгледаме сигнал распределен на повеќе пакети, којшто дели врска со густ податочен сообраќај(сообраќај со голем број на пакети). Без разлика на тоа колку мали ќе бидат направени пакетите, тие секогаш ќе се бројат како пакети со таа големина што претходно ја имале, и под нормални услови можа да имаат максимален број на чекања. Ова е причината зошто пакетите или “ќелиите” треба да имаат мала големина. Под фиксирана структура на ќелија се подразбира дека АТМ може да биде вклучен од хардверот без никакви задоцнувања поради прекин предизвикан од софтверски приклучоци и насочувачски рамки.

      Дизајнерот на АТМ користеле мали ќелии да ги редуцираат jitter (варијанта на задоцнување) при мултиплексирање на податочен стринг. Намалувањето на jitter (исто така  патот од еден крај до друг и задоцнувањето) е мошне важно кога станува збор  за гласовен сообраќај, бидејќи претворбата на дигитални сигнали во аналогни сигнали е наследен во релано време процес, и да се изврши добра работа, и кодекот којшто го овозможува ова во мошне тесен простор од податоци. Доколку следниот податок не е достапен тогаш кодекот нема избор но да предизвика молк – и ако податокот доцни , тој е бескорисен, бидејќи времето потребно истиот да биде претворен е изминато.

За време на дизајнот на АТМ, 155 Mbit/s SDH е брз оптички линк, и повеќето PDH линкови во дигиталната мрежа се најслаби, рангирајќи од 1.544 до 45 Мbit/s во Европа. Во оваа брзина, типчната голема од 1500 бајти, податочниот пакет ќе биде преземен за 7,8 милисекунди. Чекањето во редици кои се состојат од повеќе податочни пакети коишто ќе бидат преземани за 7,8 милисекунди, во однос на времето на доцнење на даден друг пакет. Ова беше неприфатливо кај податочниот сообраќај, којшто треба да има низок jitter во податочниот опсег и во согласност со кодекот ако се цели за добар звучен сигнал. Звучниот систем од пакети може да го овозможи ова на неколку можни начини:

      •Има плејбек бафер помеѓу мрежата и кодекот, еден голем кој ќе го протне кодекот низ сите jitter-и во податоците. Задоцнувањето предизвикано од страна на баферот ќе бара echo cancellers дури и во локалната мрежа, што е многу скапо во реално време. Исто така, задоцнувањето во каналот ќе биде зголемено,и разговорот е тежок низ каналите со високо доцнење.
      •Изградба на систем кој наследно ќе овозможи низок jitter за сообраќајот на кого му е потребен.
      •Оперира на 1:1 корисничка база

Целта на дизајнот на АТМ за низок jitter мрежен интерфејс. Како и да е, за да можеме да обезбедиме низок интервал на доцнење, но исто така и можност за справување со големи датаграми, мора да постојат ќелии. АТМ ги разделува сите пакети,податоци, и гласовни сигнали во 48 битни делови, со додавање на 5 битно насочувачко заглавје на секој од нив т.ш тие можат да биде преработени подоцна. Изборот на 48 битна архитектура е повеќе од политички аспект одошто од технички. [3] Кога CCIT вршеше стандардизација на АТМ, делот од САД сакал 64 бита payload кое што било добро за оптимизација на пренос на повеќе податоци. Делот од Европа пак ја претпочитал 32-битната архитектура поради полесниот и поефикасен пренос на звучен сигнал,поради малата големина и едноставни апликации кои користат echo cancellation. Подоцна, некако сите делови од Европа ќе се согласат на концептот на САД, освен Франција. Со 32 бита Франција си овозможи имплементирање на АТМ-заснован звучна мрежа од еден крај на Франција до друг крај. 48 битната архитектура бил конечниот одговор од двете страни.

                                         Ќелиите во практиката
                                                    
АТМ поддржува различни типови на сервиси како АТМ Адаптивно Ниво(ААL). Стандардизираното ААL содржи AAL1, AAL2 и AAL5, и ретко користените AAL3 и AAL4. AAL се користи за контсантна битова брзина(CBR) и кружна емулација. Синхронизацијата исто така се врши на AAL1.  AAL2 и AAL4 се користат кај сервиси со варијабилна битова брзина(VBR), и AAL5 за податоци. Која AAL се користи не е содржано во ќелијата. Ова е усогласено или конфигурирано на крајните точки  на основите за виртуелна врска.

Првичниот дизајн на АТМ се забрза. Од вкупната големина од 1500 бита, вкупната големина на етернет пакетот е 1,2 µс за да се пренесе на 10 битна оптичка мрежа, намалувајчи ја потребата од мали ќелии за да се редуцира jitter за време на врската. Ова е случај на промена на АТМ со Етернет во мрежата. Хардверот за имплементација на адаптација на сервиси е многу скап за многу големи брзини. Специјално за брзини на OC-3, цената на сегментација и реасемблирање на хардвер го прави АТМ помалку конкурентен за IP одошто Пакет низ SONET (POS) поради неговата фиксната payload од 48 бита, АТМ не е како податочното ниво за да може директно да пристапува кон IP, за таа цел OSI нивото мора да овозможи MTU од 576 бита. SAR перформансите го побиваат фактот дека најбрзиот насочувач ги има интерфејсите STM16 - STM64. Најголемиот број на АDSL уреди го користат АТМ како меѓу ниво помеѓу физичкото ниво и ниво2 протоколот како PPP или Етрент. Кај овие ниски брзини, АТМ обезбедува можност за сместување на повеќе логички кола на единечем физички или виртуелен медиум, иако постојат и нови техники, како Multi-link PPP и Етернет VLANs кои се опционални кај VDSL имплементацијата. DSL се користи како пристапувачка метода кај АТМ мрежа, овозможувајќи DSL терминирачката точка во телефонските централи да се поврзе на повеќе интрнет сервис услужници кај АТМ мрежата. Во САД, ова овозможува кај повеќето DSL услужници DSL пристап на корисници на широка АТМ мрежа.

                                      Зошто виртуелни кола?  

 АТМ функционира како транспортно ниво засновано на канали, користејќи виртуелни кола. Ова е случај кај Виртуелни патеки и Виртуелни канали. Секоја АТМ ќелија има 8 или 12 битови Идентификатор на Виртуелни Патеки и 16 битен Идентификатор на Виртуелен Канал, ваквите парови се во заглавјето.Должината на VPI варира кога ќелијата е испратена на интерфејсот на корисничката мрежа или пак е испратено на интерфејсот мрежа-мрежа.
 Како овие ќелии ја изминуваат АТМ мрежата, поврзувањето се одржува со промена на вредноста на VPI/VCI. И покрај тоа што VPI/VCI вредностите не се доследни од еден до друг крај на мрежата.
 Друга предност на виртуелни кола доаѓа од можноста да се користат мултиплексирачко ниво, овозможувајќи ралични сервиси.
                    Користење на ќелии и виртуелни кола за сообраќајно инжинерство
  Кај АТМ е застапен и сообраќаен договор. Кога е поставено АТМ колото секој приклучок на колото е информиран од сообраќајната класа на врската. АТМ договорите се дел од механизмот за Квалитет на испорака. Постојат четири основни типови каде што секој тип има множество од параметри опишувајќи ја врската.
     1.CBR – Константна брзина на бит: Врвна брзина на ќелија е карактеристична, која што е константна.
     2.VBR – Променлива брзина на бит: средна брзина на ќелија е специфицирана.
     3.ABR – Достапна брзина на бит: минимална брзина е специфицирана.
     4.UBR – Неспецифицирана брзина на бит.

VBR има две варијанти и тоа: варијанта на реално време и варијанта на нереално време, и опслужувач за густ сообраќај. Повеќето варијанти на сообраќајни класи се толкувани во концептот на Толеранција на Задоцнување на Ќелии(CDVT), којшто всушност го дефинира прекокнувањето на ќелиите во даден временски интервал.

  Како комбинација од policing и queuing e shaping.
                                       Транспортен shaping
 Траспортниот shaping најчесто зазема место кај влезната точка кај АТМ мрежата и цели да докаже дека податочниот поток ќе го задоволи сообраќајниот договор. 

Транспортен policing За да се одржуваат перформансите на мрежата, мреежата може да искористи виртуелно коло во спротивно со транспортниот договор. Основниот polising работи на ќелии, но ова е полупотимално решение за енкапсулиран сообраќаен пакет.На сметка на тоа, шемите како PPP(Разделување на Пакети во Делови) и EPD(Рано разделување на пакети) се создадени да ги разделат сите серии од ќелии сè до пристигањето на следната рамка. Ова го намалува бројот на неискористени ќелии, ја зачувува горната граница на мрежата. EPD и PPD работат со AAL5 врски и тие користат рамки и битови за да го определат крајот на пакетот. Типови на виртуелни кола АТМ може да ги гради виртуелните кола и виртуелни патеки статички и динамички. Статичките кола или патеки бараат задолжително колото да биде изградено, по еден пар за секој интерфејс. PVP и PVC, имаат едноставен концепт, вршат пребарување во големи мрежи. Тие не поддржуваат повторно рутитрање на сервисот при пад или некој друг проблем. Динамички изградени PVP и PVС ги одразуваат одликите на виртуелното коло во крајните точки. Една апликација SVC која се грижи за телефонските повици направени за време на прекинот на мрежата. SVC се користи за замена на LAN со АТМ. Насочување на виртуелни кола Повеќето АТМ мрежи поддржуваат SVC и SVР, и SVC мрежите користат Приватен Кориснички Интерфејс или Приватен Мрежа-Мрежа Интерфејс. PNNI го користи истиот алгоритам кој го користат и OSPF и IS-IS за да извршат насочување на IP пакети за да ја распределат информацијата меѓу приклучоците и да ја селектираат рутата низ мрежата. PNNI исто така опфаќа еден моќен механизам за да овозможат конструкција на многу голема мрежа, алгоритам за контрола на повик којшто укажува на тоа кога има доволно задоцнување на рутата низ мрежата за да се задоволат барањата на сервисот низ VC или VP. Воспоставување на повик и воспоставување на врска Мрежата мора да ја стабилизира врската пред да започне испраќањето од двата дела. Во АТМ овој принцип е познат како Виртуелно Коло. Може да биде Перманентно Виртуелно Коло(PVC), кое што е административно создадено во крајните точки, или приклучено виртуелно коло, кое што е создадено за комуникациски потреби. SVC е управуван со сигнализација, делот за барање укажува на адресата на примачот, типот на сервис кој се бара, но и транспортните параметри Структура на АТМ ќелија АТМ ќелијата се состои од 5 бита заглавје и 48 бита payload. АТМ дефинира два типови на форми на ќелија: NNI (Мрежа-Мрежа Интерфејс) и UNI (Кориснички-Мрежен Интерфејс). Повеќето АТМ ќелии користат UNI формат на ќелија. АТМ користи PT полиња за различни операции, администрирање, и управувачки цели. NNI форматот на ќелија е репликација(дуплирање) на UNI форматот, отчекувајќи дека 4 битното GFC поле е реалоцирано на VPI поле, доделувајќи му на VPI 12 бита. Сега, единечната на NNI ATM интерврска може да адресира најмногу 212 VPI или најмногу 216 VC. Забелешки 1.^ "Recommendation I.150, B-ISDN Asynchronous Transfer Mode Functional Characteristics". ITU. http://www.itu.int/rec/dologin_pub.asp?lang=e&id=T-REC-I.150-199902-I!!PDF-E&type=items. 2.^ a b McDysan (1999), p. 287 3.^ D. Stevenson, "Electropolitical Correctness and High-Speed Networking, or, Why ATM is like a Nose", Proceedings of TriCom '93, April 1993.

  Наводи
           •  Black, Ulysses D. (1998). ATM—Volume III: Internetworking with ATM. Toronto: Prentice Hall.       ISBN 0-13-784182-5. 
           •  De Prycker, Martin (1993). Asynchronous Transfer Mode. Solutions for Broadband ISDN. Prentice Hall. 
           •  Joel, Amos E., Jr. (1993). Asynchronous Transfer Mode. IEEE Press. 
           •  Golway, Tom (1997). Planning and Managing ATM Networks. New York: Manning. ISBN 132621894. 
           •  McDysan, David E.; Darren L. Spohn (1999). ATM Theory and Applications. Montreal: McGraw- Hill. ISBN 0-07-045346-2. 

• Neelakanta, P. S. (2000). A Textbook on ATM Telecommunications, Principles and implementation. CRC Press. ISBN 0-8493-1805-X. Надворешен линк

      •ATM forum
      •ATM Info and resources
      •ATM Cell formats- Cisco Systems
      •Asynchronous Transfer Mode (ATM) - Cisco Systems
      •ATM ChipWeb - Chip and NIC database
      •Netheads vs Bellheads by Steve Steinberg
      •A tutorial from Juniper web site
      •ATM Tutorial
      •Bellcore MIB may ease management of ATM networks
      •CISCO's Guide to ATM Technology Download PDF

Референтен модел BISDN

уреди

Модел содржи три рамнини: корисничката рамнина, контролна рамнина и управувачка рамнина. Корисничката рамнина се грижи за трансферот на корисничките податоци и ги вклучува контрола на протокот и обновувањето на грешки. Контролната рамина се справува со сигнализирањето што е потребно за да се воспостават, управуваат и да се ослободат врските. Ние ќе се фокусираме на корисничката и контролната рамнина. Корисничката рамнина има три основни слоја, кои заедно обезбедуваат поддршка за корисничките апликации: АТМ слој за адаптација, АТМ слој и физички слој. АТМ слојот за адаптација (АТМ adaptation layer / AAL) е одговорен за обезбедувањето соодветна поддршка на различните апликации, слично на она што транспортниот слој го прави во референтниот модел OSI. АТМ слојот се грижи единствено за транспорот според редоследот на АТМ ќелиите преку врски што се воспостави низ мрежита. АТМ слојот прифаќа 48-бајтни блокови со информации од ААL и им додава петбајтно заглавие за да формира АТМ ќелија. Заглавието содржи лабела што ја индентификува врската и се користи од страна на префлувачот за да ја одреди следната делница на патеката, како и видот на приоритетот/временскиот распоред, кои треба да и се дадат на ќелијата.

АТМ слој

уреди

АТМ слојот се грижи за редоследниот трансфер на ќелиите со информации преку врски што се воспостави низ мрежата. Во овој дел ќе го разгледаме работењето на АТМ слојот во детали.

Заглавие на АТМ ќелија

уреди

За употреба во UNI и во NNI дефинирани се различни заглавија на АТМ ќелиите. UNI е точката на поврзување меѓу крајниот корисник на АТМ и приватниот или јавниот префрлач АТМ, или меѓу приватниот префрлач АТМ и мрежата АТМ на јавниот преносник. На сликата е прикажано петбајтно заглавие на ќелија на UNI

  • Генеричка контрола на протокот (Generic flow control):

Полето GFC е долго четири битови и беше наменето да обезбедува контрола на протокот и на пристапот на заедничкиот медиум на неколку терминали во UNI. Моментно ова поле не е дефинирано и е утврдено на нула. Полето GFC има значење само кој UNI и не се носи од крај до крај низ мрежата. Заглацијата на UNI и на NNI ќелиите се разликуваат во тоа што во заглевието на NNI полето GFC не се појавува; наместо него полето VPI е зголемено на 12 бита.

  • Идентификатор на виртуелна патека ( Virtual path identifier):

Полето VIP е долго осум битови, па според тоа, овозможува дефинирање до 2^8=256 виртуелни патеки во дадена UNI врска.

  • Идентификатор на виртуелен канал(Virtual channel identifier):

Полето VIP е долго 16 бита, па според тоа, овозможува дефинирање до 2^16=65.536 виртуелни канали по виртуелна патека. Полето VIP/VCI е локален идентификатор во дадена врска, а вредноста на полето се менува во секој префрлач.

  • Тип корисничка информација(Payload type):

Тробитно поле за тип корисничка информација овозмжува осум типа АТМ кориснички информации. Најзначајниот бит се користи за да се направи разлика меѓу податочните ќелии (b3 = 0), и ќелиите за работење, администрирање и за одржување (ОАМ ќелии) (b3=1). За податочните ќелии (b3 = 0), вториот бит служи како експлицитна предвремена индикација за задушување (explicit forward congestion indication / EFCI). За податочните ќелии (b3 = 0), најмалку важниот бит (b1) се носи транспаренто низ мрежата.

  • Приоритет на загубена ќелија ( Cell loss priority):

CLP битот воспоставува две приоритетни нивоа за АТМ ќелиите. Ќелијата А што има CLP = 0 треба да се третира со повисок приоритет од ќелијата со CLP = 1 за време на периодите на задушување. Особено, ќелиите со CLP = 1 треба да бидат отфрлени пред ќелиите со CLP=0. Контролата на грешката во заглавие( Header error control): Осумбитниот CRC контролен збир, кој користи полиномен генератор, се пресметува преку првите четри бајти на заглавието. Овој код може да ги поправи сите единечни грешки и да ги открие дупли грешки во заглавието. Контролниот збир обезбедува заштита од погрешна испорака на ќелии поради грешки што може да се појават при транзитот. Дефинирани се два режима за работа. Во режимот откривање се отфрлаат ќелиите со неконзистентен контролен збир. Во режимот исправка се корегираат единечните бит грешки.

Виртуелни врски

уреди

АТМ користи идентификатори на виртуелна патека и на виртуелни канали во заглавијата на ќелиите за да ја идентификува врската низ мрежата. Овие локално дефинирани идентификатори се користат за да ги проследат ќелиите што пристигнуваат во префрлачот до соодветна излезна порта. Во секој префрлач се користат идентификатор VPI/VCI за да се пристапи до табелите што ја специфицираат излезната порта и идентификатор VPI/VCI што треба да се употреби за следната делница. На овој начин врската ја дефинира синџир на идентификатори по должината на мрежата. Како што е наведено погоре, мрежите АТМ обезбедуваат два основни типа поврзување. Перманентните виртуелни врски (permanent virtual connection/PVC) се долгорочни врски што, обично, се користат од страна на мрежните оператори за да се обезбеди широчина на појас меѓу крајните точки во мрежата АТМ. Виртуелните врски со префрлање (switched virtual connection/SVC) се краткорочни врски што се воспоставуваат како одговор на барањето од клиентот. Кај SVC, записите во табелите се воспоставуваат за време на процедурата за воспоставување на вр-ската што му претходи на трансферот на АТМ ќелиите преку врската.

Параметри QoЅ

уреди

Централна цел на АТМ е да ги обезбеди гаранциите QoS при трансфер на потоци на ќелии низ мрежата. Во стандарните АТМ се дефинирани три параметри за QoS, кои се однесуваат на мрежните перформанси. За овие параметри не се преговара во време на воспоставување на врската и тие се индикатори на внатрешните перформанси на одредената мрежа.

  • Зачестеност на грешки на ќелии (Cell error ratio)
  • Стапка на погрешно внесени ќелии (Cell misinsertion rate)
  • Зачестеност на блокови на ќелии со сериозна грешка (Severely errored cell block ratio)

За време на воспоставување на врската корисникот и мрежата може да преговараат за следниве три параметри QoS.

  • Однос на изгубени ќелии(Cell loss ratio)
  • Доцнење на преносот на ќелии(Cell transfer delay)
  • Варијации на доцнењата на ќелиите(Cell delay variation)

Сообраќајни дескриптори

уреди

Способноста на мрежата да го обезбеди бараното ниво на QoS на врската зависи "од начинот на кој врската ги произведува ќелиите за пренос, односно дали ги произведува со константна рамномерна брзина или со брзина во налети. За оваа цел, стандардите специфицираат одреден број параметри што се нарекуваат дескриптори на изворниот сообраќај. Назначени се следниве параметри на изворниот сообраќај за да го специфицираат образецот на барањата за пренос.

  • Максимална брзина на ќелиите (Peak cell rate)
  • Одржлива брзина на ќелиите (Sustainable cell rate)
  • Максимална големина на налет (Maximum burst size)
  • Минимална брзина на ќелии (Minimum cell rate)

Дури и ако изворот произведува ќелии со точна PCR, подоцнежното мултиплексирање и обработка на АТМ ќелиите во физичкиот слој (на пример, вметнување на ќелиите во поток на бајти) може да предизвикаат одредени промени во РСR. За оваа цел е дефиниран следниов параметар.

  • Толеранција на промените на доцнењето на ќелиите (Cell delay variation tolerance)

Категории на услугите АТМ

уреди

Врските АТМ со произволен тек на сообраќај и произволен QoS се можни со избирање на вредностите за сообраќајните дескриптори и параметрите QoS, кои подлежат на преговарање. Во практиката постојат неколку класи сообраќај што може јасно да се идентификуваат во однос на сообраќајните одлики и барањата за QoS од мрежата.

  • Константна брзина на пренос (Constant bit rate)
  • Променлива брзина во реадно време (Real-time bit rate)

Дефинирани се и три категории на врски во вонреално време.

  • Променлива брзина во вонреално време (Nonreal-time variable bit rate)
  • Достапна брзина (Available bit rate )
  • Неспецифирана брзина (Unspecified bit rate)

АТМ слој за адаптација

уреди

Апликацијата што работи низ мрежата АТМ има избор од петте категории на услуги АТМ. Секоја апликација вклучува трансфер на еден или на повеќе блокови или на проток на информации низ мрежата. Категориите на услугите АТМ обезбедуваат редоследен трансфер на ќелиите низ мрежата, со одредено доцнење или загуба. Имено, на изворот се бара претворање на апликациските податочни блокови во АТМ ќелиите и претворање назад во апликациските блокови во одредиштето. Една од целите на АТМ слојот за адаптација е да го обезбеди мапирањето на апликациските податочни блокови во ќелии. Друта цел на АТМ слојот за адаптација е да ги подобри услугите што ги обезбедува АТМ слојот до ниво, кое го бара апликацијата. Треба да се забележи дека преку ААL може да работат повеќе повисоки слоеви како, на пример, НТТР преку ТСР преку ААL. Функцијата на АLL е да обезбеди поддршка за слојот што е директно над него. Постојат неколку обиди да се категоризираат апликациите во мали групи класи и да се дизајнираат АLL, за да одговорат на барањата на секоја класа. AAL се дели на два подслоја. Цел на под-слојот за фрагментација и повторно склопување (ЅАR) е да ги фрагментира PDU на повисок слој во блокови што се погодни за вметнување во корисничката информација на АТМ ќелијата во изворот и од секвенцата на примените кориснички информации на АТМ ќелијата повторно да склопи РDU во одредиштето. Подслојот за конвергенција (СЅ) е поделен на заеднички дел (СРСЅ) и на дел зависен од услута (ЅЅСЅ). СРСЅ се справува со функциите врамување на пакети и откривање на грешки, кои ги бараат сите корисници АAL. ЅЅСЅ обезбедува функции што зависат од барањата на специфични класи на ААL корисници. Според тоа, секој ААL обично, има специфичен ЅАR и СРСЅ подслој и неколку опциски ЅЅСЅ подслоја.

Сигнализација АТМ

уреди

Корисноста на мрежата директно зависи од нејзината можност директно да се поврзе динамички со кој било број на одредишта. Сигнализацијата обезбедува начин за динамичко воспоставување и ослободување на префрлачките виртуелни врски во мрежата АТМ. Воспоставувањето врска од крај до крај вклучува размена на сигнални пораки по должината на одреден број интерфејси, на пример, интерфејсот корисникмрежа (UNI), интерфејсот мрежа-мрежа (NNI) и широкопојасниот интерфејс меѓу мрежи на различни оператори (В-ICI). За секој од овие интерфејси се потребни стандарди за сигнализација. Воспоставувањето динамичка врска бара способност да се идентификуваат крајните точки што се приклучени на мрежата. Адресирање АТМ АТМ користи два основни типа адреси: телефонски ориентирани Е-164 адреси, наменети за користење во јавните мрежи, и АТМ адреси на крајните системи (АЕЅА) наменети за употреба во приватните мрежи. КЛАСИЧЕН IР ВО АТМ Моделот на класичниот IP во АТМ (classical IP over ATM/CLIP) [RFC 2255] е спе-цификацијата IETF со која IР ја третира мрежата АТМ како уште една подмрежа кон која се приклучени IP домаќини и насочувачи. Во моделот CLIP повеќе подмрежи IP, обично, се преклопуваат на врвот на мрежата АТМ. Делот на мрежата АТМ кој и припаѓа на иста подмрежа IP се нарекува логична подмрежа IP (logical IP subnetwork /LIS ). Сите членови (крајните системи на IP) во иста LIS мора да користат иста претставка на IP-адресата (на пример, ист број на мрежа и број на подмрежа). Два члена во LIS комуницираат директно преку АТМ врска со виртуелен канал (virtual channel connection/VCC). Секој LIS работи и комуницира независно од другите LIS во истата мрежа АТМ. Комуникацијата со домаќините што се надвор од LIS мора да биде обезбедена преку IP насочувач што е поврзан со LIS. Поради тоа, членовите кои им припаѓаат на различни LIS мора да комуницираат преку насочувач(и).

Наводии

уреди
  1. Компјутерски Мрежи од Ендру С.Таненбаум
  2. Податочни и Компјутерски Комуникации од Вилијам Сталингс
  3. Комуникациски Мрежи од Алберто Леон-Гарсија и Индра Виџаја