Илко Стефановски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправка на правопис - 11 Октомври
с Непотребен параметар, removed: |language=македонски (3)
Ред 14:
}}
 
'''Илко Стефановски''' ({{роден во|Битола}}, {{роден на|4|ноември|1952}} - {{починал во|Битола}}, {{починал на|6|декември|2011}}) — македонски театарски и филмски глумец, првенец на [[Народен театар - Битола|Битолскиот народен театар]].<ref>{{наведено списание|date=2004|journal=Културен живот|publisher=Културно-просветна заедница на Македонија|language=македонски}}</ref>
 
==Животопис==
 
Стефановски е роден во [[Битола]] во [[1952]] година. Во родниот град го завршил основното и средното образование. [[ФДУ|Факултетот за драмски уметности]], отсек глумци во класата на проф. [[Илија Џувалековски]] го завршил во [[1976]] година во [[Скопје]]. По дипломирањето се вратил во Битола каде ја започнал својата глумечка кариера. Уште од почетокот на кариерата се вброил меѓу најзабележителните глумечки појави не само во својот матичен колектив, туку и во поширокиот театарски простор. Неговите маестрално остварени ролји во претставите: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “, „Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајќи го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, му донеле безброј награди, скоро на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Како глумец блеснал со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програми и сл. Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија - „[[Охридско лето]]“, учествувајќи и во проекти надвор од неговата матична сцена. Починал ненадејно на [[6 декември]] [[2011]] година во [[Битола]].<ref>{{наведена мрежна страница|url=http://daily.mk/cluster3/b03234cb3fc0a09b4ec00b7f463d8339/1033494/pochina-akterot-ilko-stefanovski|title= Почина глумецот Илко Стефановски, на јавноста познат како бате Боле|last=|first=|date=6 декември 2011|work=|publisher=Daily.mk|language=македонски|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=2011-12-06}}</ref>
 
===Награди и признанија===
Добитник е на престижната републичка награда „[[Награда „11 Октомври“|11 Октомври]]“ (2006 г.)<ref>{{наведени вести|url=http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2194&stID=77670&pR=3|title=Соопштени добитниците на наградата „11 октомври"|date=2006|publisher=Утрински Весник|language=македонски|accessdate=2011-12-06}}</ref>.
 
===Филмски остварувања===