Аксеаносилас: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
(нема разлика)

Последна преработка од 17:00, 31 јули 2021

„Аксеаносилас“расказ на српскиот писател Милорад Павиќ. Првобитно, расказот е објавен во 1979 година, како дел од збирката „Руски 'рт“.

Содржина уреди

Според преданието, во манастирот Жича имало седум врати, зашто секој владетел од лозата Немањиќ на своето крунисување отворал нова врата во манастирската црква. Само еден непознат владетел се обидел да влезе на постоечките врати, но не успеал и така не бил крунисан. Неговото име останало тајна која се чувала строго и неговото име не смеело ниту да се напише ни да се прочита. Според друго предание, околу 1379 година, во манастирот Жича живеел монахот Ефтимиј Спан за кого се сметало дека е бесполен, а кому еднаш му се прикажал Ѓаволот и го оплодил. Набргу, тој бил повикан од царската власт и му била дадена задачата да ја преведе поетската збирка која ја напишан непознатиот некрунисан владетел. Монахот ја прифатил работата, но видел дека книгата е празна. Затоа, почнал самиот да измислува песни, но работата му одела бавно и не успеал да ја доврши до предвидениот рок. Сепак, тој морал да ги предаде своите ракописи и веднаш бил осуден како заложник за идните генерации кои ќе го запишат и прочитаат името на некрунисаниот владетел. Така, тој бил осуден на смрт, а ноќта пред погубувањето насликал икона на која ги претставил ликовите на оној кој прв ќе го запише забранетото име и на оној кој ќе го прочита името. Во август 1979 година, авторот го посетил манастирот Жича и ја видел иконата насликана од Ефтимиј Спан. Истовремено, тој го донзал забранетото име и сфатил дека така ја исполнил причината за погубувањето на монахот пред шест векови. На крајот од расказот, авторот му соопштува на читателот дека забранетото име на некрунисаниот владетел е Аксеаносилас.[1]

Наводи уреди

  1. Milorad Pavić, Ruski hrt i nove priče. Beograd: Književne novine, 1986, стр. 50-58.