Харвард: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Меритократија: Јазична исправка, replaced: подржув → поддржув
с →‎Библиотеки и музеи: Јазично подобрување, replaced: Ренесанса → ренесанса
Ред 32:
===Библиотеки и музеи===
[[Податотека:Semitic Museum, Harvard University.jpg|мини|Семитскиот музеј, Универзитет Харвард]]
Системот библиотеки на Харвард универзитетот е сместен во библиотеката Вајднер во Харвард Јард и се состои од 80 индвидуални библиотеки кои содржат околу 15 милиони книги. Според Американското здружение на библиотеки, ова е најголемата академска библиотека во Соединетите држави и една од најголмите во светот. Кабот научната библиотека, библиотеката Ламонт и библиотеката Вајднер се трите најпопуларни библиотеки кои ги користат студентите, до кои имаат лесен пристап и централни локации. Во библиотеките на Харвард може да се најдат ретки книги, ракописи и специјални колекции. Библиотеката Хагтон, библиотеката Артур и Елизабет Шлесингер за историјата на жената во Америка и архивите на Харвард универзитетот се состојат од ретки и уникатни материјали. Најстарата колекција на мапи, географки индекси и атласи, стари и нови се сместени во Пјузи библиотеката се отворени за јавноста. Најголемата колекција на материјали на источноазиски јазик надвор од источна Азија се наоѓа во Харвард Јенчинг библиотеката. Харвард раководи со неколку уметнички, културни и научни музеи: - центарот за визуелни уметности „Карптентер“, дело на [[Ле Корбизје]], е дом на филмската архива на универзитетот и одделот за визуелни и општествени студии. - Харвард музејот на уметност, кој вклучува: - Артур М. Саклер музејот, музеј на древна, азиска, исламска и подоцнежна индијска уметност - Буш-Рејзингер музејот, претходно познат како Германскиот музеј, ја покрива централната и северната европска уметност. - Фог музејот на уметност со галерии кои ја претставуваат историјата на западната уметност од средниот век па до денес. Посебно се застапени италијанската рана Ренесансаренесанса, британскиот пре-Рафаелит и француската уметност од 19 век. Комплексот природно-научни музеи на Харвард, кој вклучува: - Харвард минералошкиот музеј - Хербариумот на Харвард - Музејот на компаративна зоологија - Пибоди музејот за археологија и етнологија - Семитскиот музеј
 
{{Нормативна контрола}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Харвард