Елена Кантакузина: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Форматна исправка, replaced: =Православие → =православие
с →‎Граѓанска војна: Јазично подобрување, replaced: императорот → царот
Ред 33:
== Граѓанска војна==
 
Во управувањето на императоротцарот [[Андроник III Палеолог]], сопругот на Ирина Асенина ја имал должноста ''велик доместик'', а по смртта на царот Јован станал член на регентскиот совет на малолетниот наследник на Андроник, [[Јован V Палеолог]]. Наскоро меѓу Јован Кантакузин и мајката на царот, [[Ана Савојска]], избувнало конфликт, кој прераснал во граѓанска војна. Ана, која исто така била член на регентски совет, го искористила привременото отсуство на [[Јован VI Кантакузин|Јован Кантакузин]] од [[Цариград]] и го прогласила за предавник и непријател на империјата. Ана се потпрела на поддршката на истакнатиот дворјанинот и военоначалник [[Алексиј Апокавк]] и на патријарх [[Јован XIV Цариградски]]. Ана му го понудила местото на [[Јован VI Кантакузин|Јован Кантакузин]] во регентски совет на [[Алексиј Апокавк]]. Голем дел од војската сепак се наоѓала под контрола на Јован, кој на [[26 октомври]] [[1341]] се прогласил за император во [[Димотика]], што го означило почетокот на нова граѓанска војна во империјата.
Борбата меѓу [[Јован VI Кантакузин|Јован Кантакузин]] и централната власт во [[Цариград]] продолжила до [[1347]] година. Во тоа време во неа се мешале и соседните балкански владетели. Трновският цар [[Иван Александар]] бил на страната на Ана и [[Алексиј Апокавк]], додека неговиот шура [[Стефан Душан]] го поддржувал [[Јован VI Кантакузин|Јован Кантакузин]]. И двајцата соседи на Византија всушност искористиле од војната, за да постигнат сопствени политички цели и да ги прошират териториите на сметка на империјата. [[Јован VI Кантакузин|Јован Кантакузин]] го привлекол на своја страна и отоманскиот султан [[Орхан I]]. Во [[1342]] година [[Јован VI Кантакузин|Јован Кантакузин]] бил принуден да оди во [[Србија]], каде што норал да отиде и да побара помош од српскиот крал [[Стефан Душан]]. Останала сама во [[Димотика]] и притисната од цариградската партија во градот, Ирина побарала поддршка од бугарскиот цар, ветувајќи на [[Иван Александар]] дека ќе му го предаде градот ако сопругот не се врати. Така, [[Иван Александар]] испратил писмо до својот зет Душан и сестра [[Елена Бугарска|Елена]] во кое инсистирал да го затворат или погубат својот гостин, но Душан и неговата сопруга го отфрлиле предлогот на царот<ref>[http://www.promacedonia.org/ki/ki_20.htm '''Иречек''', Константин. История на българите. Глава XX Разцвет на сръбската държава. с. 351]</ref>.