Влад Цепеш: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Јазично подобрување, replaced: постхумен → посмртен (2)
с →‎Методи на погубување: Јазична исправка, replaced: оени затвореници → оени заробеници
Ред 116:
Набивањето било претпочитаниот метод на мачење и погубување. Неговиот метод на мачење бил да ги заврзе нозете на жртвата за два коња додека остар колец постепено не бил набиван во неговото тело. Смртта со набивање била бавна и агонизирачка. Жртвите понекогаш трпеле со часови или и со денови. Влад честопати колците ги редел во различни геометриски шаблони. Највообичаениот шаблон бил прстен во концентрични кругови во предградијата кои биле метата. Висината на колецот го индицирала рангот на жртвата. Телата биле оставани да гнијат со месеци.
Една од најпознатите гравури за тој период го покажува Влад како има гозба сред шума од колци надвор од Брашов, додека погубувачот ги сецка другите жртви. Ова место е најпознато како Шумата на набиените. Во таа шума има и приказна за „смислата за хумор“ на Влад: некој слуга го држел затнат својот нос и Влад додека јадел го прашал „Зошто правиш така?“ Тој му одговорил „Не можам да ја истрпам смрдеава“. Влад веднаш наредил да го набијат на највисок колец и рекол „Тогаш седи таму горе каде смрдеата не допира“.
Влад се верува дека направил дури и повеќе набивања и други измачувања против отоманците. Се вели дека освојувачката отоманска војска се свртела назад уплашена откако наишла на илјадници распаднати тела набиени на бреговите на Дунав. Се вели и дека во 1462 Мехмет II, освојувачот на Цариград, човек познат по своите психолошки воени тактики се вратил назад во Цариград откако му се смачила глетката на 20 000 набиени тела надвор од главниот град Тарговиште. Голем број од тие жртви биле турски воени затвореницизаробеници што Влад претходно ги заробил за време на турската инвација. Вкупната бројка на жртви во таа битка достигнала преку 40 000. Воинот султан ја предал командата на инвазијата на неговите потчинети и се вратил во Цариград, иако неговата армија била поголема и подобро опремена.
 
== Германски приказни за Влад ==