Глобално затоплување: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: земјин → Земјин (6)
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Внимание}}
[[Податотека:Greenhouse Effect mk.svg|мини|десно|300п|Дијаграм на настанокот на [[стакленички ефект|стакленичкиот ефект]]]]
'''Глобалното затоплување''', кое се должи на [[ефект на стаклена градина|ефектот на стаклена градина]] е проблем поврзан со можните глобални [[климатски промени]] предизвикани од зголеменото ниво на таканаречените [[стекленичкистакленички гасови]] во [[атмосфера]]та. Научниците излегоа со тврдење дека зголеменото присуство на овие гасови ќе резултира со глобално покачување на температурата кое би имало бројни негативни па дури и непоправливи ефекти врз животната средина.
 
[[Планета Земја|Планетата Земја]] е опкружена од атмосфера која е составена од различни гасови. Некои од нив, како на пример [[јаглерод диоксид]], имаат исти својства како стаклените панели на една стаклена градина и не ѝ дозволуваат на [[топлина]]та да ја напушти планетата. Затоа тие гасови се нарекуваат стакленички гасови. Понатаму, енергијата од Сонцето ја апсорбираат водите, почвите и живите суштества на планетата. Таа енергија постепено се враќа во атмосферата. Колку повеќе има стакленички гасови, толку повеќе топлина е заробена. Тоа се нарекува ефект на стаклена градина. Ефектот на стаклената градина го открил [[Жозеф Фурје]] во 1824 година, а прв кој квантитативно го истражил е [[Сванте Арениус]] во 1896 г.
Ефект на стаклената градина го открил [[Жозеф Фурје]], 1824 година, а прв кој квантитативно го истражил е Сванте Арениус во 1896 г.
 
== Стакленички гасови ==
Стакленичките гасови се природни и кога се во соодветна количина тие се од голема корист за Земјата. Стакленичките гасови го овозможуваат животот на Земјата. Тие ја зголемуваат температурата на нашата планета и без нив би било премногу студено за да се преживее. ДаАко не се тие, [[Сончева енергија|сончевата енергија]] која доаѓа до Земјината површина би била оддавана назад во вселената, и температурите на нашата планета би биле толку ниски што воопшто не би бил возможен живот на неа. Отсуство на стакленичките гасови би ја намалило температурата за околу 33 °C, претварајќипретворајќи ја Земјата во уште една безживотна планета на [[Сончев Систем|сончевиотСончевиот систем]]. Стакленичките гасови апсорбираат дел од таа сончева енергија која се рефлектира од површината на Земјата и оддаваат назад во [[атмосфера]]та. На тој начин тие овозможуваат сончевата енергија да дојде до Земјината површина како видлива [[светлина]], за потоа да биде заробена од атмосферата како инфрацрвена топлина.
 
Овој феномен ја одржува топлината на нашата планета, загревајќи ја до тој степен кој нејзе ѝ овозможува живот со што ќе се обезбеди нормално одвивање на физиолошките функции на сите живи организми. Но, кога ефектот на стаклената градина е премногу силен, тогаш температурите растат пребрзо и превисоко. Дури и најмалите зголемувања на температурата може да имаат сериозно влијание врз животите на луѓето, животните и растенијата.
 
Гасови кои во најголема мерка придонесуваат за ефект на стаклена градина се следните:
Ред 26 ⟶ 25:
=== Озон O<sub>3</sub> ===
За заштита од штетните влијанија од Сонцето (поретко од други извори на зрачење) постои [[озон]]от, алотропска модификација на [[кислород]] каде се сврзани три атоми на кислород во една [[молекула]]. Озонот предизвикува 3–7 % од вкупниот ефект на стаклена градина.
 
[[Озонска обвивка|Озонската обвивка]] се наоѓа на 10–35&nbsp;км од Земјината површина со дебелина од само 3&nbsp;mm. Тој претставува „природен филтер” за заштита од штетното УВ зрачење. Озонот во [[стратосфера]]та се формира од дејство на [[ултравиолетови зраци]] (200-250&nbsp;nm) од [[Сонце]]то на молекула на обичен кислород.
Ред 178 ⟶ 177:
Ефектот на стаклена градина е израз за загревање на планетата [[Земја (планета)|Земја]] кое настанало со пореметување на енергетската рамнотежа помеѓу количина на зрачење кое од Сонцето го прима и во вселената го зрачи Земјината површина. Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата, во последното столетие, засилен од човечките активности, се чини дека се претвора во сериозна закана.
 
Овој ефект се јавува како резултат на зголемување на количината на зрачењето кое од површината на Земјата не може да биде оддадено во вселената, туку атмосферата го апсорбира и станува потопла. Земјата мора да испушта енергија во вселената исто онолку колку што таа апсорбира енергија од Сонцето. Сончевата енергија пристигнува во форма на зрачење со помала бранова должина. Атмосферата на Земјата одбива дел (37-39 %) од оваа [[енергија]], додека остаток (поголем дел) паѓа на површина на Земјата и ја загрева. Земјата се ослободува од оваа енергија, така што ја праќа назад во вселената во облик на инфрацрвени зраци (зраци со поголеми бранови должини). Поголем дел од [[инфрацрвено зрачење|инфрацрвеното зрачење]], оддадено од Земјината површина, се рефлектира од гасови што постојат во природата. Овие гасови спречуваат енергијата да помине кон вселената, така да зраците се враќаат назад кон Земјата и ја зголемуваат атмосферската температура. Оние гасови кои го задржуваат зрачењето се познати под назив [[стакленички гасови]], а проблеми кои настануваат се познати под име глобално затоплување. Тоа се случува со атмосферата на Земјата во последниот век.
 
Ефектот на стаклена градина, кој во минатото беше благослов за Земјата, се чини дека во последното столетие се претвора во сериозна закана, засилен од човечките активности.
Ред 187 ⟶ 186:
== Меѓународни иницијативи во врска со климатските промени ==
 
Во текот на 1980-те години, заради научните докази за глобалните климатски промени и последиците од нив, се појави зголемена загриженост помеѓу научниците, политичарите и јавноста. Во 1992 година, во [[Рио де Жанеиро]] беше усвоена [[Рамковна конвенција за климатски промени|Рамковната конвенција за климатски промени]] (UNFCCC). Согласно со Рамковната конвенција, се поставија бројни обврски за сите земји, главно во врска со изготвувањето и имплементацијата на политики за намалување на емисиите на стакленички гасови. Сепак, одзивот на развиените земји (кои се главните “произведувачи” на стакленички гасови), се покажа недоволен и заради тоа во 1995 година воведен е Берлинскиот мандат, кој воспостави преговарачки процес за поголем ангажман во рамките на Конвенцијата во периодот по 2000 година. Овој процес, конечно, доведе до потпишување на Кјото протоколот (КП) во 1997 година.
 
На оваа карта (направена од Американскиот институт за светски ресурси, USA World Resources Institute) се претставени разлини региони, не според нивната географска положба туку според емисиите на стакленики гасови. Јасно се гледа дека најголемата одговорност им припаѓа на развиените земји (главно САД, Европа и Јапонија). Овие земји би требало да вложат најголеми напори за редуцирање на емисиите.
 
[[протокол од Кјото|Кјото протоколот]] (КП) претставува мошне важен чекор во ограничувањето на емисиите на шесте стакленички гасови (CO2, CH4, N2O, HFCs, PFCs и SF6), бидејќи за првпат се специфицирани правни обврски. Согласно со КП развиените земји имаат специфични обврски: во првиот период (2008-2012), тие треба да ги намалат вкупните емисии на стакленики гасови за најмалку 5% во споредба со емисиите од 1990 година. Договорените цели се разликуваат помеѓу развиените земји (САД се обврзале да ги намалат емисиите за 7%, Европската унија (ЕУ) како целина за 8%, Јапонија и Канада за 6%), а истиот принцип важи и за државите-членки на ЕУ во согласност со интерниот договор за распределба на обврските. Неодамна, САД ја повлекоа својата обврска во рамките на КП, предизвикувајќи вознемирување од светски размери.
 
Во 1998 година, за време на Четвртата UNFCCC конференција на страните воспоставен е Акциониот план од Буенос Аирес, со кој е специфициран временскиот распоред за имплементацијата на КП. Согласно со овој план, во Хаг, во ноември 2000 година се одржа Шестата конференција на страните со главна задача да се постигне договор за најважните оперативни прашања од КП. Бидејќи земјите потписники се разидуваа по клучните прашања, до крајот на состанокот не беше постигнат договор. За време на продолжението во Бон, во јули 2001 година (Шеста конференција на страните, продолжение) министрите постигнаа политика согласност за суштинските основи врз кои се темелат оперативните прашања од КП. Овој политички договор веќе е преведен во правен текст за сите флексибилни механизми и за леновите 5, 7 и 8 од КП (известување, мониторинг и преглед). Работата се предвидува да биде завршена на состанокот во октомври 2001 година во Маракеш (Седма конференција на страните). Рамковната конвенција за климатски промени постави низа обврски кон потписниките сметајќи на нивните заедники, но и поединечни одговорности. На својата петта и шеста сесија Конференцијата на страните ги охрабри земјите вклуени во Анекс II на Конвенцијата (т.е. најразвиените земји) во давањето помош на државите чии економии се во транзиција, како и на земјите во развој, при зголемувањето на нивните можности за постигнување на целите на Конвенцијата и нивната подготовка за ефикасно учество во процесот на КП. Интегрираното планирање и имплементацијата на релевантни активности содржат низа акции, како што се развој на национални системи за проценка на емисиите и абсорбциите на стакленички гасови, проекции за еволуција на емисиите и определување / проценка на можни мерки за редукција на емисиите од различни сектори (енергија, индустрија, резиденцијален / терцијален сектор).