Александар Филиповски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: креатор → творец
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: постанал → станал
 
Ред 23:
Со незавршено прво одделение на осум и пол години го напуштил семејниот дом и заминал да го продолжи школувањето и животот по детските домови низ Македонија, како „Александар Ранковиќ“ и „11 Октомври" во Скопје, „Гостивар“ во [[Гостивар]], „Елпида Караманди" и „Лазо Трповски" во [[Битола]]. Уште од најрана младост покажал голем интерес и љубов кон цртањето. Во [[1958]] година ја завршил Школата за применета уметност во Скопје, отсек графика во класата на познатите сликари - професори: [[Љубомир Белогаски]] и [[Драгољуб Мартиноски – Пенкин]].
По завршување на училиштето заминал во Гостивар и сè до [[1965]] година работел во осмолетка како наставник по ликовно воспитување. Во 1965 година се вработил во Графичкиот завод „Гоце Делчев" како ликовен творец занимавајќи се активно со применета уметност.
Во [[1968]] година постаналстанал член на [[Друштвото на ликовните уметници на Македонија]] (ДЛУМ) и од тогаш зел активно учество во заедничките изложби на друштвото.
Во [[1974]] година вонредно ја завршил Педагошката академија „Св. Климент Охридски“ во Скопје -група ликовно воспитување. Професори му биле познатите уметници: [[Вангел Коџоман]], [[Борко Лазевски]], [[Ванчо Георгиевски]], [[Димитар Кондовски]], [[Спасе Куновски]] и [[Љупчо Стефановски]].
Во [[1991]] година заминал во предвремена пензија, посветувајќи се исклучиво на уметноста, активно работејќи на [[линорез]]от, [[акварел]]от, [[темпера]]та и маслото.