Тунелот (роман): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 4 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q2833629 (translate me)
с →‎Содржина: Јазично подобрување, replaced: дестинација → одредиште, војата одредиште → воето одредиште
Ред 32:
 
Овие нервози се зголемуваат кога тој и Марија ќе заминат на патување на една „estancia“, селски имот во Мар дел Плата, кој го поседува братучедот на Аленде, Хантер. Атмосферата, присуството и однесувањето на другите роднини и начуената, но не и разбрана караница меѓу Марија и Хантер ја зголемува паранојата на Кастел, со што тој заминува од имотот со само некој збор кажан на еден од вработените.
Додека чека на станицата за да замине од местото, Кастел очекува Марија да дознае дека тој си заминал и да дојде да го запре. Бидејќи таа не доаѓа тој си ги потврдува неговите негативни чувства. По враќањето дома во Буенос Аирес, Кастел пишува писмо во кое ја оптужува дека таа спие со Хантер, кое веднаш по испраќањето зажалува што го напишал. Тој гневно, но неуспешно се труди да убеди вработен во поштата да го врати писмото,но подоцна се помирува со фактот дека судбината решила тоа да стигне до својатасвоето дестинацијаодредиште.
 
Потоа Кастел зборува со Марија на телефон, таа безволно се согласува повторно да се сретне со него иако му кажува дека од тоа нема ништо добро да излезе и за обајцата и всушност тоа може да биде и полошо за него. Кога таа не доаѓа во Буенос Аирес тој заклучува дека Марија е всушност проститутка која го изневерува мажот и не само со него туку и со Хантер па и други мажи. Во момент на бес оди до имотот. Таму чека, надвор скриен, гостите да си заминат од големата куќа. Во меѓувреме неговите внатрешни немири кулминираат до момент кога замислува како тој и Марија се одминуваат во животот во паралелни ходници или тунели, каде што неговиот е: „ еден тунел, темен и самотен; мојот, тунелот каде ми поминаа и детството, и младоста, и целиот живот“.