„Тунелот“ (шпански El túnel) — психолошки роман на аргентинскиот писател Ернесто Сабато од 1948 година. Во романот се раскаажува за пореметениот сликар, Хуан Пабло Кастел и неговата опсесија со една жена. Насловот на романот упатува на симболот на Кастеловата емоционална и физичка изолација од општеството која станува сè повеќе и повеќе очигледна додека Кастел од својата ќелија ги раскажува настаните кои воделе до убиството на единствената личност која можела да го разбере.

Тунелот
АвторЕрнесто Сабато
Изворен насловEl túnel
Земја Аргентина
ЈазикШпански
ЖанрРоман
Издадена
1948

Содржина

уреди

Приказната започнува со главниот лик претставувајќи сè самиот себеси како „сликарот која ја уби Марија Ирибарне“ ,пред да навлезе во околностите кои водат до нивната прва средба. Опсесијата на Кастел започнува во есента 1946 г. кога на една негова изложба тој забележува жена која се фокусира на еден посебен, мал детаљ на неговата слика „Maternidad“(Мајчинство). Тој смета дека таа забелешка е особено важна бидејќи го цени тој детаљ како најважниот аспект на сликата, но на кој никој освен самиот тој и таа жена не му обрнал внимание.

Пропуштајќи ја приликата да ѝ се приближи пред таа да си замине од изложбата, тој ги поминува наредните неколку месеци опседнувајќи се со неа, барајќи начини да ја најде во гужвата и големината на Буенос Аирес и фантазирајќи за тоа што би ѝ кажал.

На крајот, откако ќе ја види како влегува во зграда која тој претпоставува дека е нејзиното работно место, тој размислува како да ѝ се доближи и да ја праша за детаљот во сликата. Тој ѝ се приближува и дознава дека нејзиното име е Марија Ирибарне. По нивната дискусија околу сликата, Кастел и Марија се договараат да се видат повторно. Потоа станува јасно дека таа е мажена за слеп човек кој се вика Аленде и живее на улицата Посадас во северниот дел на градот. Но, како што Кастел продолжува да се гледа со Марија нивната врска станува доминирана од неговите опсесивни испрашувања за нејзиниот живот со мажот ѝ, зошто не го зела неговото презиме и за нејзините длабоки мисли, прашања кои таа не може да ги одговори на начин на кој би го направила него задоволен. Поради тоа незадоволство, опсесивните мисли на Кастел го водат до секакви ирационални сомнежи за љубовта која тој мисли дека постои измеѓу нив двајцата.

Овие нервози се зголемуваат кога тој и Марија ќе заминат на патување на една „estancia“, селски имот во Мар дел Плата, кој го поседува братучедот на Аленде, Хантер. Атмосферата, присуството и однесувањето на другите роднини и начуената, но не и разбрана караница меѓу Марија и Хантер ја зголемува паранојата на Кастел, со што тој заминува од имотот со само некој збор кажан на еден од вработените. Додека чека на станицата за да замине од местото, Кастел очекува Марија да дознае дека тој си заминал и да дојде да го запре. Бидејќи таа не доаѓа тој си ги потврдува неговите негативни чувства. По враќањето дома во Буенос Аирес, Кастел пишува писмо во кое ја оптужува дека таа спие со Хантер, кое веднаш по испраќањето зажалува што го напишал. Тој гневно, но неуспешно се труди да убеди вработен во поштата да го врати писмото,но подоцна се помирува со фактот дека судбината решила тоа да стигне до своето одредиште.

Потоа Кастел зборува со Марија на телефон, таа безволно се согласува повторно да се сретне со него иако му кажува дека од тоа нема ништо добро да излезе и за обајцата и всушност тоа може да биде и полошо за него. Кога таа не доаѓа во Буенос Аирес тој заклучува дека Марија е всушност проститутка која го изневерува мажот и не само со него туку и со Хантер па и други мажи. Во момент на бес оди до имотот. Таму чека, надвор скриен, гостите да си заминат од големата куќа. Во меѓувреме неговите внатрешни немири кулминираат до момент кога замислува како тој и Марија се одминуваат во животот во паралелни ходници или тунели, каде што неговиот е: „ еден тунел, темен и самотен; мојот, тунелот каде ми поминаа и детството, и младоста, и целиот живот“.

По извесно време Кастел влегува во куќата, оди во собата на Марија, каде ја обвинува дека го оставила сам на светот и ја избодува до смрт.

По нападот, Кастел се појавува во канцеларијата на Аленде за да му каже дека ја убил Марија бидејќи спиела со Хантер, но брзо открива дека Аленде е многу добро запознаен со ситуацијата. Викајќи одново и одново дека Кастел е будала, Аленде залудно се труди да се избори со Кастел, по што Кастел заминува и се пријавува во полиција.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди