Едмунд Хусерл: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија
с →‎Професор по филозофија: Правописна исправка на датум, replaced: 6 Април → 6 април, 8 Април → 8 април
Ред 49:
Во октомври 1914 година, двата негови синови биле испратени во борбите на Западниот фронт во Првата светска војна. Наредната година неговиот син, Волфганг бил тешко повреден на фронтот. На 8 март 1916 година, на бојното поле на [[Верден]], Волфганг Хусерл е убиен во акција. Наредната година неговиот син Герхард бил ранет во војната, но преживеал, а неговата мајка Јулија починала. Во ноември 1917 година, еден од неговите извонредни студенти, а подоцна и познат професор по филозофија, Адолф Рајнах, додека служел во Фландрија бил убиен во војната.
 
Хусерл во 1916 година се префрлил на Алберт Лудвиг Универзитетот во Фрајбург (Фрајбург во Брајсгау) каде што тој продолжил со реализирање на неговата работа во филозофијата, а сега како редовен професор. Едит Штајн работел како негов личен асистент за време на првите неколку години во Фрајбург, а подоцна следи Мартин Хајдегер 1920-1923. Математичарот Херман Веил започнал разговорот со него во 1918 година. Хусерл одржал четири предавања за феноменолошкиот метод на Универзитетскиот колеџ во Лондон, во 1922 година. Бил повикан од Универзитетот во Берлин во 1923 година да се пресели таму, но тој ја одбил понудата. Во 1926 Хајдегер нему му ја посветил својата книга Sein und Zeit "со благодарност и пријателство". Хусерл останал да работи како професор во Фрајбург сè додека не побарал пензионирање, а последната настава ја одржал на 25 јули 1928 година. Прославата по повод неговиот седумдесетти роденден се одржала на 8 Априлаприл 1929 година.
 
1933 била грда година во Германија, кога биле донесени расни закони од страна на новиот нацистички режим. На 6 Априлаприл Хусерл бил суспендиран од Универзитетот во Фрајбург од страна на Министерството за култура во Баден, а следната недела му биле забранети сите универзитет активности. Сепак, неговиот колега Хајдегер бил избран за ректор на универзитет на 21-22 април, и се приклучил на нацистичката партија. Спротивно на тоа, во јули Хусерл дал оставка од Германската академија (Deutsche Academie).
 
По неговото пензионирање, Хусерл одржал неколку значајни предавања. Првото, во Париз во 1929 година, довело до Méditations cartésiennes (Париз 1931). Хусерл тука го коментира "трансцеденталното его", презентирано порано во своето клучно дело „Идеи„ (Ideen), издадено во 1913 година, во смисла на "cognito" на Декарте. Останува, сепак сам (без врски). Подоцна Хусерл предавал во Прага во 1935 година и во Виена во 1936 година, што резултираше со многу поинаку оформена работа што и покрај иновативноста не е помалку проблематична. Хусерл ги опишувал културните кризи, грчевито држејќи се за Европа, а потоа се приближил на филозофијата на историјата, коментирајќи ги Галилео, Декарт, неколку Британски филозофи, како и Кант.