Марија Тереза (Франција): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Исправка на латинични букви помешани меѓу кириличните, replaced: Eл → Ел
с →‎top: Јазична исправка, replaced: застанал на престолот → седнал на престолот
Ред 19:
 
'''Марија Тереза''' (француски: ''Marie Thérèse Charlotte''; [[19 декември]] [[1778]] г. – [[19 октомври]] [[1851]] г.) била најстарото дете францускиот крал [[Луј XVI]] и кралицата [[Марија Антоанета]], неговата сопруга.
Таа се омажила со нејзиниот братучед, [[Луј Антоан]], најстариот син на идниот [[Шарл X]]. Со бракот ја презела и титулата [[војвотката од Ангулем]]. Кога нејзиниот свекор застаналседнал на престолот на Франција во 1824 година, таа ја добила титулата [[Dauphine - жена на најстариот син на францускиот крал]]. Таа всушност била [[кралица на Франција]] дваесет минути, период во кој нејзиниот свекор го потпишал документот за одрекување од престолот, а нејзиниот сопруг,против своја војла го потпишал документот за стапување на престолот.
==Животопис==
Марија-Тереза е родена во [[Версај палатата]] на 19 декмеври 1778 година како прво дете и најстара ќерка на кралот Луј XVI и кралицата Марија Антоанета. По седум години брак сите нестрпливо чекале да се роди дете. Поради преполната и непроветрената соба во која се пораѓала, Марија Антоанета речиси умрела од гушење. Прозорците набргу биле отворени за да влезе свеж воздух. Како резултат на ова ужасно искуство, Луј XVI го забранил јавното гледање и дозволил само најблиските членови и неколку доверливи дворјани да бидат сведоци на раѓањето на следните кралски деца. Откако ја вратиле во живот, кралицата со задоволство ја поздравила својата штотуку родена ќерка: ''„кутро мало суштество, не си она што очекуваа, но сепак ќе те сакаме''. Синот ќе припаѓа на државата, а ти мене и ќе ја добиеш целосната потребна грижа, ќе бидеш дел од мојата среќа и лек за мојата болка.“''