Софокле: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 89.205.125.147) и ја поврати преработката 4352452 на ГП
Ознака: Рачно отповикување
с →‎Творештво: Правописна исправка, replaced: старите Грци → Старите Грци
Ред 23:
Книжевната критика за Софокле забележала дека „донесува почита убавина во своите дела“ при што на преден план го става човековиот интерес и анализата на карактерот. Ослободена од трилогискиот спој, драмата на Софокле во една трагедија ја опфаќа сета драматско-трагична судбина на хероите. Во своето творештво, Софокле го зел Есхил како пример, а темите ги црпел од митовите и од [[Хомер]]. Сепак, за разлика од [[Есхил]], кај Софокле боговите не се во прв план на дејството. Самиот Софокле кажал дека тој „ги прикажува луѓето такви какви што треба да бидат, а Еврипид, такви какви што се“. Јунаците во делата на Софокле се обликувани според идеалните норми, а силата на карактерот на главниот лик ја нагласувал преку воведување друг лик со спротивни карактеристики. Најпосле, на Софокле му се припишуваат одредени иновации во [[театар]]от: така, тој вовел на сцената трет артист, прв започнал да го користи декорот, го зголемил [[хор]]от од 12 на 15 члена и победил 24 пати на поетските натпревари. Неговите трагедии [[Аристотел]] најмногу ги користел во изградбата на својата [[теорија]] на [[драма]]та.<ref name="ReferenceB"/>
 
За големата слава на Софокле сведочи верувањето на [[Стара Грција|старитеСтарите Грци]] дека богот [[Асклепиј]] често одел на гости кај поетот додека бил жив, дека живеел во неговата куќа, дека му бил домашен пријател и дека по [[смрт]]та на Софокле, лично го направил неговиот [[гроб]].<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 310.</ref> Според [[Јован Дучиќ]], Софокле е централна личноста на античката драма, а заедно со [[Шекспир]] и [[Ибзен]], тој е еден од трите големи имиња на светската драма. Во неговите дела, божествата ја прогонуваат човечката раса од колено на колено и тој мрачен детерминизам ја претставува битката меѓу земјата и небото.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 298-299.</ref> [[Гете]] имал високо мислење за Софокле, нарекувајќи го голем поет и тврдејќи дека сите Софоклеви ликови во себе ја носат неговата возвишена душа.<ref>J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Beograd: Rad, 1960, стр. 27.</ref> Исто така, според Гете, сите ликови во драмите на Софокле имаат голема говорничка дарба и толку убедливо ги изложуваат мотивите на своето делување, што слушателот речиси секогаш е на страната на оној кој зборува последен на сцената. Од тоа се гледа дека Софокле во младоста се извежбал во [[Реторика|реторикатареторика]]та, оспособувајќи се да ги побара сите причини и привидни причини за некој предмет. Меѓутоа, според Гете, токму оваа голема способност го навела Софокле да прави и грешки, зашто во некои ситуации оди премногу далеку.<ref>J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Beograd: Rad, 1960, стр. 75.</ref>
 
{{никулец}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Софокле