Маквориски пингвин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поправки, поправка на правопис
с Правописна исправка, replaced: 8 kg → 8 кг
Ред 1:
[[Податотека:RoyalPenguins2.JPG|мини|Маквориски пингвин]]
'''Маквориски пингвин''' ({{Lang-la|Eudyptes schlegeli}}) е [[пингвин]] кој живее во водите околу [[Антарктик|Антарктикот]]от.
 
== Физички особини ==
[[Податотека:Royal Penguin FAce.jpg|мини|лево|главата на макворискиот пингвин]]
Макворискиот пингвин расте од 65-76 65–76 cm и тежи 3-8 kgкг. Изгледаат како макаронските пингвин, но имаат бело лице и брада, за разлика од црните макаронски пингвини.
 
== Размножување ==
Маквориските пингвини се размножуваат само на островот Маквори. Тие се гнездат на плажи или оголени области на карпи покриени со трева. Како и повеќето морски птици, и макаворијските пингвини исто така живеат во колонии недалеку од морскиот брег. Сезоната за парење започнува во септември, а јајцата се полагаат најдоцна во октомври. Лежат две јајца, но обично само едно преживува. И мажјаците и женките лежат на нив вкупно околу 35 дена (тие се менуваат на секои 12 дена).
 
Кога младенчето ќе се испили, машкиот родител го чува околу 10-20 дена, а мајката ја носи храната. По овој период, двајцата родители бараат храна, додека младенчињата формираат колонии. По околу два месеци, младенчињата го напуштаат гнездото и обично се враќаат во колонијата заради парење по околу шест години.
 
== Исхрана ==
Маквориските пингвини се хранат со [[крил]], [[риби]], а помалку со [[лигни]]. Малечките кои сè уште ги хранат родителите јадат 2 до 3 пати на ден.
 
== Загрозеност ==
Маквориските пингвини се сметаат за ранлив вид. Во минатото, тие се ловеле за нафта, кога владата на [[Тасманија]] помеѓу 1870 и 1919 година издала дозволи за нивен лов. Во овој период, просечно 150 000 пингвини (и кралски и маквориски) биле ловени на годишно ниво. Откако бил забранет нивниот лов на Маквори, бројот на пингвините од овој вид пораснал на околу 850.000 парови (по процените од 1984-1985 година)<ref name="birdlife">[http://www.birdlife.org/datazone/search/species_search.html?action=SpcHTMDetails.asp&sid=3858&m=0 Опис на видот] на семрежното место birdlife</ref>.
 
На копно, [[Стаорец|стаорците]] понекогаш ги напаѓаат нивните јајца и младенчиња. Успехот во репродукцијата може да биде намален заради вознемирување од страна на туристите и истражувачите. Морското загадување, особено поради случајно јадење пластичен отпад, исто така може да биде смртоносно за единки од овој вид.
 
Најголемата закана за маквориските пингвини, како и за пингвините воопшто, се климатските промени како резултат на [[Глобално затоплување|глобалното затоплување]] и намалувањето на бројот на риби како резултат на масовното ловење риби во регионот на Антарктикот<ref name="birdlife">[http://www.birdlife.org/datazone/search/species_search.html?action=SpcHTMDetails.asp&sid=3858&m=0 Опис на видот] на семрежното место birdlife</ref>.
 
== Име ==
На македонски и српски јазик, овие пингвини го добиле името по островот Маквори каде што се гнездат. Меѓутоа нивното научно име го добиле по [[Германија|германскиот]] [[Зоологија|зоолог]] Герман Шлегел.
 
На англиски јазик овие пингвини се нарекуваат Royal penguins, што лесно доведува до забуна со кралските пингвини {{Lang-en|King penguins}}), па во англиската литература треба да се обрати внимание на оваа разлика.
 
== Наводи==
Ред 33:
* [http://www.birdlife.org/datazone/search/species_search.html?action=SpcHTMDetails.asp&sid=3858&m=0 Информации за видови на веб-страница]
* [https://web.archive.org/web/20060224085754/http://www.arkive.org/species/GES/birds/Eudyptes_schlegeli/ Слики и снимки]
* [https://web.archive.org/web/20040902000420/http://www.antdiv.gov.au/default.asp?casid=2404 Слики на поединци создадени со мешање на овој вид со други видови пингвини]
 
[[Категорија:Ранливи видови според МСЗП]]