Стандард и Пурс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 52:
Процесот на одредување на кредитниот рејтинг на една [[банка]] од страна на „Стандард и Пурс“ се заснова врз методологијата за проценување на [[ризик]]от на банкарската индустријата на една земја, позната како [[БИКРА]] (''Banking Industry Country Risk Assessment'', ''BICRA''). Таа претставува макроанализа на економскиот и на индустрискиот ризик на земјата во која се наоѓа банката за која се прави анализата. По добивање на резултатот од методологијата БИКРА, понатаму се анализираат детерминантите што се специфични за банката, како што се: позицијата на банката во деловната околина, [[капитал]]от на банката и големината на приходите, големината на ризикот, изворите на финансирање и [[ликвидност]]а. Најпосле, се додава [[веројатност]]а за интервенција на државата и големината и обликот на помош што го добива банката од неа. Критериумите што се поставени во методологијата БИКРА важат за сите банки што се испитуваат, без исклучок.<ref name="Standard 2011">Standard & Poor's (2011), ''Banking Industry Country Risk Assessment Methodology and Assumptions''.</ref>
 
Методологијата БИКРА служи за евалуација и за споредба на банките во глобалниот банкарски систем, откривање на нивните предности и слабости, како и за испитување на пошироката работна околина преку анализа на економските и на индустриските карактеристики. Се разликуваат 10 нивоа на кредитен рејтинг (од 1 до 10), со тоа што на првото ниво се банките со најниско ниво на ризик, додека банките што се наоѓаат на нивото 10 се проценети со највисок ризик. Анализите се засновани на временски хоризонт од три до пет години. Методологијата БИКРА е составена од две главни целини: економски и индустриски ризик. Со комбинација на добиените резултати се формира јадрото за профилот на самостојниот рејтинг на испитуваната банка. Методологијата се потпира врз анализата на шест фактори, при што се одредува нивото на економскиот и на индустрискиот ризик за една земја. Потоа, секоја од целините е поделена на шест групи фактори што влијаат врз нивото на економскиот и на индустрискиот ризик за земјата во која се наоѓа испитуваната банка. За секој фактор се испитува нивото на ризик за кое во зависност од неговата големина се доделуваат поенибодови. Колку што е поголем ризикот што постои поголем е бројот на поенибодови што ѝ се доделуваат на банката што се испитува.<ref name="Standard 2011"/>
 
== Наводи ==