Собрание на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Нагледно уредување Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување Напредно мобилно уредување
Ред 64:
 
По [[Скопски земјотрес 1963|Скопскиот земјотрес од 1963 година]], зградата била оштетена и се презеле големи зафати за нејзино санирање и реконструкција. Како дел од [[Скопје 2014]] пред Палатата е поставен [[Споменик на Никола Карев (Скопје)|Споменик]] на [[Никола Карев]], водичот на [[Крушевската Република]]. Палатата на Собранието денес располага со повеќе сали за седници, кабинети на Претседателот на Републиката, Претседателот на Собранието, на потпретседателите, како и за раководителите на комисиите, пратеничките групи, стручните служби и секторите, и за генералниот секретар на Собранието и неговите заменици. {{cite web |url=https://www.sobranie.mk/palata-na-sobranieto.nspx |title=Палата на собранието |website=sobranie.mk |access-date=26 јануари 2021}}
 
== Надлежности на Собранието ==
Собранието на Република Македонија го донесува и изменува [[Устав на Македонија|Уставот на Македонија]], донесува [[закон]]и и дава автентично толкување на законите, ги утврдува јавните давачки, донесува [[Буџет на Македонија|републички буџет]] и завршна сметка на буџетот, донесува просторен план на Републиката, ратификува меѓународни договори, одлучува за [[војна]] и [[мир]], донесува одлуки за менување на границите на Републиката, донесува одлуки за стапување и истапување од сојуз или заедница со други држави, распишува [[Избори во Македонија#Референдуми|референдум]], одлучува за резервите на Републиката, основа совети, избира Влада на Република Северна Македонија, избира судии на [[Уставен суд на Македонија|Уставниот суд на Република Македонија]], врши избори, именување и разрешувања и на други носители на јавни и други функции утврдени со Устав и со закон, врши политичка контрола и надзор над Владата и над други носители на јавни функции што се одговорни пред Собранието, дава [[амнестија]] и врши други работи утврдени со Уставот.
 
== Претседател на Собранието ==