Меган Фокс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Имиџ: Правописна исправка, replaced: идеа → идеја
с →‎Кариера: Јазично подобрување, replaced: ривал → соперник
Ред 28:
Фокс зборуваше опширно за времето кога се школувала; дека во средно училиште ја задевале и била малтретирана, и дека ручекот го јадела во тоалетот, за да не фрлаат по неа со кечап. Таа рече дека нејзиниот изглед не бил проблемот, туку тоа што секогаш подобро се сложувала со машките, и дека тоа ги иритирало некои луѓе. Фокс исто така кажа дека никогаш не била популарна во училиштето „''Сите ме мразеа, и ме одбегнуваа, имав само машки другари, бев многу агресивна, и девојчињата не ме сакаа поради тоа. Имав само една другарка целиот мој живот''“. Во истото интервју, споменува дека го мразела училиштето и вели „''Не верував во формалното образование''“ и „''Образованието што го добивав беше неважно. Не ме интересираше училиштето и на некој начин се откажав од него''“.
== Кариера ==
На 16 години, во 2001 г., Фокс дебитираше во филмот Одмор на сонцето (Holiday in the Sun), како Бријана Валас – разгалена наследничка и соперничка на Алекс Стјуард (Ешли Олсен), којшто беше објавен дирекно на DVD на 20 ноември 2001 г. Во наредните години гостуваше во филмовите Што ми се допаѓа кај тебе („What I Like About You“), и Два и пол мажи (Two and a Half Men), исто така беше статист во Лоши момци 2 (Bad Boys II) во 2003 г. Во 2004 г. дебитираше во филмот Исповед на тинејџерска кралица на драмата (Confessions of a Teenage Drama Queen) во кој игра заедно со Линзи Лохан, и ја има споредната улога на Карла Сантини, ривалсоперник на Лола (Линзи). Фокс исто така имаше редовна улога во комичната серија на „''ЕјБиСи''“, Хоуп и Фејт (Hope & Faith), каде што ја играше улогата на Синди Шановски, заменувајќи ја Никол Паџи. Фокс се појави од 2-3 сезона, до откажувањето на шоуто во 2006 г.
 
Во 2007 г., Фокс ја доби главната женска улога на Микаела Банс во акциониот филм Трансформери (2007 г.), заснован на истоимената играчка и сага на цртан филм. Фокс ја глумеше саканата на Сем Витвицки, ликот што го глумеше Шија Лабаф. Фокс беше номинирана на „ЕмТиВи филмска награда“, во категоријата „Откритие на годината“, и исто така беше номинирана за три „Награди за тинејџерски избор “. Таа исто така глумеше во двете продолженија на Трансформери.