Жан Пол Мара: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎''L'Ami du Peuple'' (''Пријателот на Народот''): Јазична исправка, replaced: измислен карактер → измислен лик
с →‎''L'Ami du Peuple'' (''Пријателот на Народот''): Јазична исправка, replaced: мечови → мечеви
Ред 108:
Овој судир му дал уште едно издигнување на растечкиот углед на Мара како претставник на малите луѓе против општествената елита, вклучувајќи ја ''новата'' општествена елита која се издигнала со Револуцијата. Како што изминувало времето, неговите читатели му давале сè повеќе „важни информации“, овозможувајќи му да дава уште поточни обвинувања. Издигнувањето на Мара од непознатоста отпочнало.
 
Маратовиот весник ја будел работничката совест, поттикувал револуционерна енергија, додавал максими, ги формулирал народните барања. Аристократијата и крупните капиталисти многу бргу го увиделе во него својот најопасен непријател, а веќе во 1789 година претседателот на париската општина наредил да се уапси Мара. Принуден да се крие и по неколкупати на ден да го менува склоништето, Мара наоѓал сила и можности да не го прекинува издавањето на „L’Ami du Peuple“.<blockquote>Водејќи цело време војна против предавниците на татковината, огорчен од нивните гадости и суровости, јас им ги симнував маските, изложувајќи ги разголени пред светот, ги засрамував. Го презирав нивното клеветење, нивните лаги, нивното навредување. Но, не се плашев од нивната одмаздољубивост, од нивниот гнев… Мојата глава беше уценета. Пет лути шпиони, кои ме пратеа во чекор, и две илјади платени убијци ни за миг не можеа да ме натерат да го измамам својот долг. Да би ги избегнал ударите на убијците, јас се осудив на''живот во илегалност''. Понекогаш против мене се кревани батаљони од платеници. Принуден да бегам, лутајќи по улиците среде ноќ, не знаејќи понекогаш каде да прибегнам, проповедувајќи го меѓу мечовимечеви делото на слободата, бранејќи ги угнетените, спремен да си ја ставам главата на трупец, јас од сето тоа постанав уште пострашен за угнетувачите и политичките никаквеци.</blockquote>Мара сметал дека целта на неговиот весник е учењето на народните маси да ја користат слободата, да им ги<blockquote>објаснува на граѓаните нивните права, да им влева волја да ги користат овие права, храброст да ги бранат, смелост да се одмаздуваат на оние кои ги газат. Смислата на слободата е во тоа таа да му помогне на народот да се запознае со злоупотребите на своите претставници и да им пружи можност поради тоа да ги казни; смислата на слободата е во тоа да ги научи луѓето да се покоруваат само на правичните и мудрите закони, а да се противат на неправичните и да востануваат против тиранските закони.</blockquote>Одговарајќи на своите непријатели, Мара напишал:<blockquote>Иако не можам да гледам како страда ситен инсект, тие сепак ми кажуваат дека сум суров. Но, мене ме обзема длабока огорченост поради нашите лажни хумани сфаќања и поради нашата длабока попустливост кон секој наш суров непријател. Ние сме глупаци поради тоа што забораваме да се чуваме од нивните удари. Ако било кога тие добијат надмоќ спрема нас, погледајте ги тогаш како, носејќи оган во едната и меч во другата рака, ги пустошат регионите и просто ги убиваат сите родољубци, ги убиваат нивните жени и нивните деца, а градот го препуштаат на пламени јазици.</blockquote>Порано од сите останати револуционери тој сфатил на какви крупни тешкотии ќе мора да наидува револуцијата. Тој исто така го предвидел одметнувањето на крупните капиталисти од народот и нивниот иден сојуз со реакцијата. Тој барал така да се измени Уставотворното собрание што да постане извршител на народната волја, барал општо изборно право за народот, барал избирачите да им даваат на своите претставници одредени наредби и да можат да ги отповикуваат ако не постапувале по народните барања.
 
Мара го опишaл почетокот и еволуцијата на неговиот весник (заедно со неговите политички ставови) во својот весник на 19 март 1793 година:<blockquote>На почетокот на Револуцијата, уморен од прогоните со коишто бев соочен толку долго време во рацете на Академијата на науките, со нетрпение ја прифатив приликата што се претстави себеси за пораз на моите угнетувачи и за постигнување на мојата соодветна позиција. Ја затекнав Револуцијата со моите идеи што веќе беа формирани и јас бев толку запознаен со принципите на висока политика што тие станаа вообичаени за мене. Имајќи поголема доверба во исмејуваните патриоти на Уставното собрание отколку што заслужуваа, јас бев изненаден од нивната маленкост, нивниот недостаток на доблест. Верувајќи дека им е потребно просветлување, стапив во преписка со најпознатите делегати, особено со Шапелие, Мирабо и Барнав. Нивното упорно молчење на сите мои писма наскоро ми докажа дека иако им треба просветлување, тие се грижеа малку за да бидат просветлени. Почнав да ги објавувам моите идеи преку печатот. Го основав ''L'Ami du Peuple''. Го започнав со строг, но искрен тон, на човек кој сака да ја каже вистината без да ги прекрши конвенциите на општеството. Го одржував тој тон цели два месеци. Разочаран што открив дека не го произведува посакуваниот ефект што го очекував, и огорчен што стабилно се зголемуваше дрскоста на неверните претставници на народот и на лажните јавни функционери, чувствував дека е потребно да се одречам од умереноста и да ја заменам сатирата и иронијата за едноставна цензура. Огорченоста на сатирата се зголеми со бројот на малверзации, беззаконието на нивните проекти и несреќите на јавноста. Силно убеден во апсолутната перверзност на приврзаниците на стариот режим и непријателите на слободата, чувствував дека ништо не може да се добие од нив, освен со сила. Револтиран од нивните обиди, од нивните постојано повторливи заговори, сфатив дека нема да им се стави крај, освен со истребување на оние кои се виновни за нив. Налутен од гледањето на претставниците на нацијата во сојуз со нејзините најсмртоносни непријатели и законите кои служат само за да ги тиранизираат невините, наместо да ги штитат, го потсетив суверениот народ дека, бидејќи нема што повеќе да очекува од своите претставници, негова должност е да направи нешто за да ја исполни правдата за себе. Ова беше сторено неколкупати.<ref>{{Наведена книга|title=Jean-Paul Marat: A Study in Radicalism|last=Gottschalk|first=Louis R.|publisher=Benjamin Bloom|year=1927, преиздадена 1966|isbn=|location=|pages=52}}</ref></blockquote>Мара вообичаено го објавувал ''L’Ami du Peuple'' на дневна основа, но има неколку прекини во неговото објавување затоа што неколкупати Мара морал да се крие за да избегне апсење, кога не можел да го печати весникот. Неговите континуирани напади против Жак Некер, Жан Силвен Баји, грофот де Мирабо, Париската комуна, маркиз де Лафајет, Националното конститутивно собрание, Законодавното собрание, Националната конвенција, емигрантите и самиот крал Луј XVI предизвикале неколку декрети за кривично гонење и обвинение против него и обиди да се потисне неговиот весник. Неговата машина за печатење била уништена и копиите на ''L’Ami du peuple'' биле конфискувани најмалку двапати.<ref>{{Наведена книга|title=Jean-Paul Marat: A Study in Radicalism|last=Gottschalk|first=Louis R.|publisher=Benjamin Bloom|year=1927, преиздадена 1966|isbn=|location=|pages=62}}</ref> Во една прилика неговиот печатар бил уапсен и затворен, а плочите користени за печатење на еден особено контроверзен број - во којшто Мара се заканил дека ќе го откорне срцето на Лафајет, ќе го запали кралот и ќе ги избоде до смрт пратениците на нивните собраниски клупи - биле уништени.<ref>{{Наведена книга|title=Jean-Paul Marat: A Study in Radicalism|last=Gottschalk|first=Louis R.|publisher=Benjamin Bloom|year=1927, преиздадена 1966|isbn=|location=|pages=78}}</ref>