Александар Андреевски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: повеќе пати → повеќепати
с →‎Животопис: Јазично подобрување, replaced: малигни → злоќудни (2)
Ред 22:
 
==Животопис==
Роден во 1922 година во село Кожле, Скопско. Основно образование учел во Скопје, а гимназија во Аранѓеловац.<ref name="Декани">д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. ​49-52</ref> Во септември 1944 година, влегол во народноослободителната војска на Македонија, а во март 1945 година бил упатен за помошник-комесар во Армиската воена болница во Скопје.<ref name="Декани"/> Дипломирал во Загреб на Медицинскиот факултет во 1948 година, каде што завршил специјализација по оториноларингологија во 1953 година. Една година подоцна е избран за асистент на Медицинскиот факултет во Скопје по предметот оториноларингологија. Веднаш потоа заминал во Париз на едногодишен студиски престој каде што ја усовршува: функционалната реконструктивна хирургија на малигнитезлоќудните заболувања на ларинксот и хипофаринксот, микрохирургијата на средното уво, пластичната хирургија во ОРЛ, аудиовестибулологијата и др.
 
Следните години Андреевски престојувал повеќепати во реномирани клиники од областа на оториноларингологијата во Париз, Лондон, Москва, Ленинград, Прага, Варшава, Берлин, Хамбург, Хановер, Фрајбург, Хајделберг, Бордо, Лион и во други центри, при што посебно внимание им посветувал на реконструктивната функционална хирургија на малигнитезлоќудните заболувања на ларингофарингеалните подрачја како и на други области од струката: тимпанопластиките, стапедопластиките, хирургијата на лицевиот нерв, ринопластиките и др.
 
==Кариера==