Злосторство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Природно–правна теорија: Правописна исправка, replaced: преставува → претставува (2)
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: -тиот век → век
Ред 63:
Во континетална Европа, римското право опстојувало, но со посилно влијание од [[црква]]та.<ref>Vinogradoff, Paul. (1909). ''Roman Law in Medieval Europe''. Reprint edition (2004). Kessinger Publishing Co. ISBN 1-4179-4909-0</ref> Поврзано со пораспространетата политичка структура заснована на помали државни единици, станувале познати различните правни традиции, коишто продолжиле цврсто да пуштаат корени во римската правна наука модифицирана да излезе во пресрет на доминантната политичка клима.
 
Во [[Скандинавија]], влијанието на римското право не било очигледно сè до 17-тиот век, и судовите се раѓале од народните собранија. Луѓето решавале за случаите (вообичаено доминантните сопственици). Овој систем подоцна постепено се претворил во систем на кралски судија кој во својот одбор именува дел од најценетите мажи во [[парохија]]та, коишто ја исполнуваат дамнешната функција „народот“.
Од грчкиот систем па наваму, политичките причини за барање обештетување за сторените лоши дела вклучувале избегнување на долгогодишните кавги меѓу клановите и фамилиите.<ref>10.^ The concept of the pater familias acted as a unifying factor in extended kin groups, and the later practice of wergild functioned in this context</ref> Ако обештетувањето може да ги смири чувствата на фамилиите, би можело да помогне и во одржувањето на мирот. Од друга страна, заканата од феудална војна не се сметаше за премногу значајна поради воведувањето заклетви. И во стара Грција и во средновековна Скандинавија, обвинетиот бил ослободуван ако можел да најде доволен број машки роднини кои ќе потврдат дека е невин. Ова може да се спореди со [[Советот за безбедност на ООН]] каде правото на [[вето]] на одредени членови осигура дека организацијата нема да западне во криза тогаш кога не може да ги спроведе своите одлуки.