Филип Каваев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: литературни дела → книжевни дела
Ред 24:
==Животопис==
 
Филип Каваев е роден во [[1904]] година во [[Струга]]. Основно образование завршил во [[Струга]], средно во [[Охрид]] и во [[1924]] г. завршил богословска учителска школа во [[Призрен]]. Во времето од 1924 до 1941 година учителствувал во многу села во тогашната струшка, дебарска и прилепска околија. Во почетокот на [[Бугарска окупација на Македонија во Втората светска војна|бугарската окупација]] (1941 г.) бил назначен за средношколски професор во [[Битола]] каде останал до крајот на својот живот. Учителствувајќи од село во село, Каваев имал можност да се запознае со [[Фолклор|фолклоротфолклор]]от во разни места. Собраниот материјал тој грижливо го чувал до последните години од животот кога го депонирал во Институтот за фолклор во [[Скопје]], така што во проучувањето на фолклорот на [[Западна Македонија]] е неодминлив. Во [[1945]] година бил назначен за наставник за [[македонски јазик]] и литература во ново отворените училишта на мајчин јазик, во [[Гимназија "Никола Карев" - Скопје|гимназијата „Никола Карев“]] во [[Битола]]. Во 1957 г. дипломирал и на [[Филозофски факултет - Скопје|Филозофскиот факултет]] во [[Скопје]]. Во 1962 година, според тогашните закони, Каваев бил пензиониран на 58 годишна возраст.
 
Покрај собирање на народни творби, тој пишувал и литературникнижевни дела. Уште пред [[НОБ]] тој објавувал творби - песни и раскази во тогашните весници и списанија. Во [[1936]] г. за објавениот расказ „''Прост рибар''“ ја добил првата награда, а 1938 г. на анонимен конкурс добил втора награда за учество со кратко прозно дело. Во [[1943]] г. тој понудил драмски текст во [[Битолски народен театар|Битолскиот народен театар]], поврзан со револуциоерната дејност и погубувањето на [[Ѓорѓи Сугарев]]. Објавувал написи во сп. „''Македонски јазик''“ за зборообразувачките процеси, за етимологијата на посебни зборови и сл. Има објавено трудови и од историски карактер („''Учеството на Битола и битолчани во Илинденското востание според народните песни''“). Од објавените трудови посебно интересни се тие што говорат за фолклорот на областа Гора и јазикот на [[Горанци|Горанците]]те (исламизирани Македонци). Во 1961 г. ја објавил збирката „''Народни пословици и гатанки од Струга и Струшко''“, 4450 пословици и 567 гатанки. Во 1969 г. ја објавил книгата „''Битола, бабам Битола''“ со 204 испеани песни за Битола, додека во 1972 г. излегла од печат и третата негова збирка „''Смилево славно во оган гори''“. Во 1961 г. бил награден со наградата „4-ти Ноем ври“. Истата година бил одликуван и со Орденот за труд со сребрен венец.
 
Починал во [[1974]] година во [[Битола]].