Димитар Матов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Наводи: Додадена категорија
с →‎top: Јазична исправка, replaced: литературни дела → книжевни дела
Ред 15:
Школувањето го започнал во Велес, а гимназија и универзитетско образование завршил во [[Русија]], во украинските градови Николаев и Харков. На Историско-филолошкиот факултет во Харков (денешна Украина) слушал лекции по лингвистика кај А.Потебња, а историја кај Марин Дринов<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://macedonism.org/Македонска-Енциклопедија/%d0%bc%d0%b0%d1%82%d0%be%d0%b2-%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%b8%d1%82%d0%b0%d1%80/|title=МАТОВ, Димитар|date=2018-10-11|work=Македонска Енциклопедија|language=mk-MK|accessdate=2020-11-12}}</ref>. По завршувањето на високото образование се враќа во Македонија, каде што во учебната 1888/89 година ја почнува својата кариера на наставник во Солунската бугарска гимназија. Во овој период почнува и неговиот позголемен интерес кон јазикот и фолклорот, па системно и неуморно ја проучува македонската културна традиција. Станува редактор на списанието „Книжици за прочит“, кое го издава книжарницата на Коне Самарџиев. Во Солун останува само две години. Заминува за Виена и Лајпциг на специјализација по словенска филологија кај професорите Јагиќ и Лескин. Потоа се преселува во Софија, каде што најпрвин е учител во гимназија, а потоа е назначен за соработник во научното списание на проф. Иван Д. Шишманов „Сборник за народни умотворения, наука и книжнина“, на кое во шест години му втиснува белези на високонаучно гласило. Во истиов период активно соработува и во списанието „БÍлгарски преглед“, во кое објавува серија забележани трудови од областа на историјата, јазикот и фолклористиката. Ја застапува тезата за бугарско потекло на македонските Словени и полемизира со противниците на тоа гледиште. Познати му се „Белешките по етнографијата на Македонија“, во кои води препирки со П. Д. Драганов, К. Хрон, С. Гопчевиќ, Стојан Новаковиќ и др. Пократко време е вмешан и во општествено-политичките настани на времето, па работи како секретар на Врховниот македонски комитет, на чие чело се наоѓал Трајко Китанчев.
 
Негови литературникнижевни дела се песните „''Македонија''“ и „''Сурвакана на 1881 година''“. Во нив ја истакнува својата приврзаност за автономна [[Македонија]].
 
Подоцна литературната дејност ја заменува со научната и заминал на стручно усовршување во [[Виена]] и [[Лајпциг]]. Се занимавал со собирање на фолклористички материјал од [[Велес]] и [[Велешко]], печател студии од областа на јазикот и фолклорот.