Животот е сон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎Содржина: Јазично подобрување, replaced: тронот → престолот (2)
Ред 12:
 
==Содржина==
* ''Прв чин'': Прв чин: Росаура, облечена во машка облека, и Кларин слегуваат по стрмен [[рид]] и здогледуваат [[тврдина]] со [[затвор]]. Таму е затворен Сигизмунд кому Росаура му остава голем впечаток. Тогаш пристигнува Клоталдо, придружен од неколку војници, кои ги заробуваат Росаура и Кларин, зашто посетите на Сигизмунд се најстрого забранети. Клоталдо го препознава својот [[меч]] и поради тоа помислува дека Росаура е неговиот син. Во меѓувреме, [[крал]]от Базилиј ги повикува благородниците во својот [[Замок|дворец]] за да им соопшти кому ќе му го остави [[кралство]]то. На присутните им ја открива својат тајна: кога неговата жена останала [[Бременост|бремена]], [[ѕвезди]]те му претскажале лоша судбина и затоа својот син Сигизмунд го затворил во тврдината, далеку во [[Планина|планините]]. Меѓутоа, сега, Базилиј сака да му даде можност на Сигизмунд да ја скрши клетвата и затоа одлучува да го ослободи и да му го предаде тронотпрестолот. Клоталдо ги изведува Росаура и Кларин пред кралот Базилиј, кој им ги простува животите. Росаура му кажува на Клоталдо дека дошла во [[Полска]] за да му се одмазди на московскиот кнез Астолфо за нанесената навреда.<ref>Pedro Kalderon de la Barka, ''Život je san''. Beograd: Rad, 1977, стр. 7-38.</ref>
* ''Втор чин'': По наредба на [[крал]]от, Клоталдо го успива Сизигмунд и го пренесува во дворецот. Росаура, служејќи се со лажното име Астреа, станува дворска дама, како придружничка на принцезата Стела. Клоталдо му кажува на Сизигмунд дека е принц и наследник на тронотпрестолот, а тој, пак, се разбеснува поради долгото време поминато во затворот и му се заканува на Клоталдо со [[смртна казна]]. Исто така, тој е груб и со слугите, а еден од нив го фрла од балконот во [[езеро]]то. Единствено кон Кларин покажува добар однос. Кога пристигнуваат Астолфо и кралот Базилиј, Сизигмунд се однесува грубо и кон нив, а кралот го советува да биде скромен. Набргу, Сигизмунд ја среќава Росаура и грубо ѝ се наметнува, а таа го напаѓа поради грубоста и гордоста. Тогаш, тој ја напаѓа, а кога Клоталдо застанува во нејзина одбрана, Сигизмунд се обидува да го [[Убиство|убие]]. Астолфо го брани Клоталдо и почнува борба меѓу него и Сигизмунд која ја прекинува кралот. Потоа, Астолфо ѝ се додворува на Стела, но таа му вели дека неговата [[љубов]] не е искрена, зашто тој го чува портретот на друга жена. За да ја разубеди, Астолфо ветува дека ќе И го поклони портретот. Стела ѝ ја раскажува случката на Астреа (Росаура) и ја замолува да ја земе сликата од Астолфо. Кога ја среќава Росаура, кај Астолфо се буди старата љубов и не сака да ѝ ја даде сликата. Потоа пристигнува Стела, а Росаура успева да ја измами, со цел да не се открие себеси. Во меѓувреме, Сигизмунд повторно го опиваат и го враќаат во [[затвор]]от, а тој мисли дека случките на кралскиот двор биле само [[сон]]. Заедно со него е затворен и Кларин за да не може да ја открие тајната.<ref>Pedro Kalderon de la Barka, ''Život je san''. Beograd: Rad, 1977, стр. 39-80.</ref>
* ''Трет чин'': Откако Базилиј го назначува Астолфо за наследник на круната, [[војска]]та и народот се креваат на бунт и го ослободуваат Сигизмунд. Росаура бара од Клоталдо да го убие Астолфо, но тој одбива да го направи тоа. Поради тоа, Росаура му се придружува на Сигизмунд кому му ја раскажува својата историја и бара да ја спречи [[свадба]]та меѓу Астолфо и Стела. Сигизмунд го совладува своите [[чувства]] кон неа и прифаќа да ја одбрани нејзината чест. Кога Сигизмунд го напаѓа дворецот, уплашениот Кларин се крие, но сепак е смртно застрелан. Иако Клоталдо и Астолфо го убедуваат да побегне, Базилиј останува во дворецот и паѓа на колена пред Сигизмунд. Тој му простува на својот татко, бара од Астолфо бара да се ожени со Росаура, Клоталдо јавно признава дека таа му е ќерка, а Сигизмунд ја бара Стела за жена. Притоа, тој ветува дека животот ќе го помине правејќи добри дела.<ref>Pedro Kalderon de la Barka, ''Život je san''. Beograd: Rad, 1977, стр. 81-117.</ref>
 
==Осврт кон делото==